Топуска

(Пренасочено од Шпенадла)

Топуска[1][2], шпенадла[3][4] или шпенагла (разговорно)[5][6] — имиња за игла што се користи за приврзување, односно прибодување на неколку одвоени текстилни материјали. Се изработува од метални легури и има улога во шиењето. Слични игли се користат долга низа милениуми, а во средниот век биле многу скапи.

Едноставна топуска
Пет разнобојни примероци

Општи одлики

уреди

Топуската е посебен вид игла. Има долго, мазно и цилиндрично тело со две крајни точки, изработено од челик, бакар, месинг, пластика или сличен материјал. Како и кај обичната игла, една точка е остра. Меѓутоа, другиот крај нема уши низ кои се вденува конецот, туку големо сферично парче метална легура или пластика. Самата игла може да биде потенка од обична игла и обично е малку пократка.[7]

Се прави со извлекување тенка жица, острење на нејзиниот врв и додавање глава. На ист начин се произведуваат шајките, но обично се поголеми, подебели и погруби и нивната употреба за шиење целосно би го уништила текстилот.

Употребата на топуската е едноставна, но нејзината употреба, како и во случај на секоја игла, бара одредена претпазливост (што обично се решава со напрсток), бидејќи поради неговата специфична структура (тенко и остро тело) лесно е да се прободе на неа. Имено, за време на порабување, и пред фирцање (лепење) и шиење,[8] се користи за спојување на текстилни делови за полесно ракување, и тоа на следниот начин. Остриот врв го пробива материјалот низ кој минува телото на иглата. Во исто време, големината на главата ја зголемува површината што шивачката може да ја зафати.[7]

Историја

уреди

Игли за шиење заоблени од едната страна се користат веќе неколку илјадни години. Првично, ги правеле Сумерите (5000 пр.н.е.) од железо и коска, а сето тоа во обид да се задржи облеката на поставеното место. Подоцна овие игли се користеле и за правење снопови хартија од одвоени листови. Така е создаден првиот книшки повез, како и првиот прицврстувач за облека.[9]

Модерните топуски (значи оние од историскиот период, од новата ера) првично биле направени од месинг, цврст метал од кој се изработува бижутерија. Многу посилниот челик наскоро го заменил месингот во оваа примена, но имал значителен недостаток - многу брзо рѓосувал и овој процес не можел да се спречи (имено, во тоа време немало нерѓосувачки челици). Така започнало производството, за тогашните стандарди, висококвалитетни топуски од никел, но и тој покажал склоност кон ’рѓосување при висока влажност на воздухот. За домашната употреба, цело време се користеле челични игли. На обичните луѓе не им пречело нивното ’рѓосување, бидејќи во секој случај биле за еднократна употреба. Се користеле при шиење облека, што не било нужно секојдневна работа.[10]

Средниот век во Европа го донел „мрачниот век“ од кој дел била економската криза и високата цена на металите. Тогаш, топуските биле многу скапи и недостапни, па мажите им давале на жените ограничена сума пари за да ја купат оваа алатка. Така, на неколку западноевропски јазици станал популарен поимот „топускини пари“, што значи џепарлак што мажот ѝ го дава на својата жена.[11] Во исто време, топуските биле еден од највредните подароци што еден заљубен момчак можел да ѝ ги подари на девојката на која ѝ се додворувал. Подароците обично се завиткани во имагинативно украсена хартија.[12]

Многу слични предмети погрешно се идентификуваат со топуска. Така, на 10 април 1849 година, Волтер Хант, сакајќи да отплати долг од петнаесет долари, патентирал безопасна, која иако може да се окарактеризира како слична на топуска и спојница, не е исто како нив. Друга алатка со која се мешаат игличките се притискачите, кои ги измислил Едвин Мур околу 1900 година заради означување на места на картата. Сепак, тие се подебели, помали, канцелариски додатоци и послични на шајки отколку на игли.[13]

Наводи

уреди
  1. „топуска“Дигитален речник на македонскиот јазик
  2. „топуска“Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
  3. „шпенадла“Дигитален речник на македонскиот јазик
  4. „шпенадла“Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
  5. „шпенагла“Дигитален речник на македонскиот јазик
  6. „шпенагла“Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
  7. 7,0 7,1 „What are the Different Types of Sewing Pins?“. WiseGeek. Посетено на 7 септември 2013.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  8. „What are sewing pins used for?“. WikiAnswers. Посетено на 7 септември 2013.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  9. Petroski, Henry (1993). The Evolution of Useful Things. New York: Knopf. стр. 53. ISBN 978-0679740391.
  10. Bidgman, Roger (2002). 1000 Inventions & Discoveries. New York: Dorling Kindersley Publishing. стр. 126. ISBN 978-1405314190.
  11. „Pin Money“. The Phrase Finder. Посетено на 7 септември 2013.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  12. „Paper of Pins“. The Mudcat Cafe. Посетено на 7 септември 2013.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  13. „Sewing Pins – Knowing the Different Types“. Create for Less. Архивирано од изворникот на 4 септември 2013. Посетено на 7 септември 2013.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)

Литература

уреди