Легура
(Пренасочено од Легури)
Легурите се смеси од два или повеќе метали. Притоа, легурите може да бидат составени од смеса на метал и метал, како и од метал и неметал. Затоа легурите се нарекуваат уште и цврсти раствори.
Легурите се двокомпонентни или повеќекомпонентни системи на метали кои првенствено имаат метален карактер и физички својства слични на металите. Тие се поделени во две главни групи: цврсти раствори и интерметални соединенија.