Шон Малоуни
Шон Ричард Малоуни (роден на 24 јануари 1983 година во Мири, Саравак, Малезија) — шкотски фудбалер кој игра како крило или офанзивен во средниот ред за англискиот Премиер лигаш Виган Атлетик и Шкотската репрезентација.
Шон Малоуни Shaun Maloney | |||
---|---|---|---|
Лични податоци | |||
Роден на | 24 јануари 1983 | ||
Роден во | Мири, Саравак, Малезија | ||
Висина | м | 1,70||
Позиција | крило, полушпиц | ||
Клупски податоци | |||
Сегашен клуб | Виган Атлетик | ||
Број | 10 | ||
Младинска кариера | |||
Селтик | |||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст. | (Гол.) |
2000-2007 | Селтик | 104 | (26) |
2007–2008 | Астон Вила | 30 | (5) |
2008-2011 | Селтик | 55 | (13) |
2011- | Виган Атлетик | 22 | (4) |
Репрезентација ‡ | |||
2005- | Шкотска | 24 | (1) |
* Ажурирано на: 2 јануари 2012 ** Ажурирано на: 2 јануари 2012 |
Малоуни е познат по неговиот прецизен удар, техничките способности и самодовербата кога шутира. Тој е првиот играч во шкотскиот фудбал кој успеал да ги добие и двете награди SPFA Играч на годината и SPFA млад играч на годината во истата сезона, во 2006 година за време на неговиот прв престој во Селтик.
Ран живот
уредиСемејството Малоуни се преселило во родниот град на неговата мајка Абердин, Шкотска кога тој имал 5 години.
На млада возраст, Малоуни ја пронашол својата љубов кон спортот, особено кон фудбалот и тенисот. На возраст од 10, тој му се приклучил на својот прв фудбалски клуб, Кинкорт Бојс. Тој редовно играл за неговиот тим во Основното Училеште, Сент Џозеф'с. На 12 години, тој се преселил во Калтер Бојс клубот, а потоа на 14, во Албион Бојс. Тој одигра голем број на игри за Култс академијата, кога тој бил студент. Тогаш бил забележан од страна на Абердин и им се приклучува на нивната младинската школа, каде што тој на крајот беше ослободен за тоа што бил сметан за "премногу мал".
Клупска кариера
уредиСелтик
уредиОткако му се приклучи на Селтик во 1999 година, Малоуни го направил своето деби за првиот тим на 29 Април 2001 година против Ренџерс на Иброкс стадион, во победата на Селтик од 3-0. Тој ги помина следните неколку години обидувајќи се да се пробие во првиот тим, откако поголемиот дел од натпреварите на својот тим ги поминуваше на клупата за резерви.
Во февруари 2004 година, Малоуни заработи повреда на лигаментите. Тој се врати по повредата многу доцна во сезоната 2004-05 започнувајќи само еден натпревар во целата сезона.
Малони беше во смртоносна форма за Селтик во сезоната 2005-06, неговите прекрасни денови, дојдоа откако беше преселен од позицијата централен напаѓач на лево крило од средината на теренот од страна на менаџерот Гордон Страхан. Неговиот прикажувања на теренот наидоа на пофалби од играчите, навивачите и медиумите во текот на годината, а токму тогаш дојдоа и двете признанија за неговите извонредни партии во сезоната и тој беше награден за SPFA Играч на Годината во шкотскиот фудбал и SPFA млад играч на годината. Со ова тој влезе во историјата, откако за првпат некој играч успеал да ги добие двете награди во истата сезона. Тој, исто така, ја освои и наградата за играч на годината на Селтик во гласањето на навивачите на клубот. Тој ја заврши сезоната со постигнати 16 гола и со неверојатни 28 асистенции од средниот ред.
Поради тоа што неговиот договор истекуваше на крајот на сезоната 2006-07, Селтик му понуди нов договор на Малоуни. Меѓутоа, преговорите за договорот продолжија на неколку месеци, со постојано рушење поради разликите меѓу двете страни. Извршниот директор на клубот Питер Лоел тврдел дека Селтик "Не може да ги задржи играчите по секоја цена", додека Малоуни предупреди дека "Во ситуации како оваа, и двете страни треба да бидат целосно задоволни со резултатот". Тој, исто така, вети дека пролонгираните разговори околу договорот нема да влијаат на неговиот фудбал и дека се надева оти тој не би имало потреба да размислува за напуштање на клубот во иднина. Со сознанието дека Малоуни ќе биде во можност да замине за бесплатно со склучување на пред-договор со друг клуб во јануари 2007 година, навивачите на Селтик стравуваа од најлошото, сеќавајќи се на заминувањето на Џеки МекНамара.
Бидејќи двете страни не можеа да се договорат на крајот Селтик доби 1.000.000 £ за трансферот на Малоуни во Астон Вила кој веќе беше договорен. Тоа значеше дека во новиот клуб Малоуни одново ќе игра под водството на неговиот некогашен шеф Мартин О'Нил.
Во неговиот прв мандат, Малоуни имаше вкупно 139 настапи за Селтик во сите натпреварувања, постигнувајќи 37 гола.
Титули
уредиСелтик
уреди- Шкотска Премиер лига (5): 2000–01, 2001–02, 2003–04, 2005–06, 2006–07
- Шкотски Куп (5): 2001, 2004, 2005, 2007, 2011
- Шкотски Лига куп (3): 2001, 2006, 2009
- Куп на УЕФА : 2003-вицешампион
Виган Атлетик
уреди- ФА Куп (1) : 2012-13
Надворешни врски
уреди- Шон Малоуни на soccerway