Шове
Шове (француски: Grotte Chauvet-Pont d'Arc, француски изговор: [ɡʁɔt ʃovɛ pɔ̃ daʁk]) — пештера во одделот Ардеш во југоисточна Франција се наоѓа пештера во која се насликани некои од најдобро сочуваните фигуративни пештерски слики во светот , како и други докази за горниот палеолитски живот. Се наоѓа во близина на општината Валлон-Пон-д’Арк, на варовнички карпи над поранешното корито на реката Ардеш, во клисурите на Ардеш[1].
светско наследство на УНЕСКО | |
---|---|
Место | Ардеш, Франција |
Критериум | Култура |
Навод | 1426 |
Запис | 2014 (XXXVIII заседание) |
Површина | 9 хектари |
Преоден појас | 1,353 хектари |
Мреж. место | archeologie.culture.fr/chauvet/en |
Откриена на 18 декември 1994 година, се смета за еден од најзначајните праисториски уметнички наоѓалишта и е дел од културното наследство - ОН УНЕСКО му додели статус на светско наследство на 22 јуни 2014 година. Пештерата прво ја истражиле група од тројца спелеолози: Елиет Брунел-Дешамп, Кристијан Хилер и Жан-Мари Шове од кои беше именувана шест месеци по откривањето позната како („Бабава дупка“) затоа што првично била откриена од Мишел Роса (Баба). Подоцна, групата се вратила во пештерата. и ја откриле Галеријата на лавовите, последниот дел или комора. Шове изготвил детален извештај за откритието. Покрај сликите и другите арте факти, тие откриле и фосилизирани остатоци од различни животни, од кои некои сега се исчезнати[2]. .
Понатамошното истражување особено на археологот Жан Клот ги дефинираат временските распони на создавањето на сликите и тоа од 32.000-30.000 години пред нашата ера. Подоцна се откриени два периоди на постоењето на живот во пештерата и изработката на сликите: првиот е од 37.000 до 33.500 година пред нашата ера а вториот од 31.000 до 28.000 година пред нашата ера, при што повеќето црни цртежи датираат од претходниот период.
Одлики
уредиПештерата се наоѓа над претходниот тек на реката Ардеш. на оваа локација се откриени бројни пештери, од кои многу имаат геолошка или археолошка важност.
Врз основа на датирање со радиојаглерод, се чини дека пештерата била користена од луѓето во два различни периоди: Aurignacian и Gravettian. Мекиот, глинест под на пештерата ги зачувал отпечатоците од шепите на пештерска мечка заедно со големи, заоблени вдлабнатини за кои се верува дека се „гнезда“ каде што спиеле мечките. Фосилизираните коски се во изобилство и ги вклучуваат черепите на пештерските мечки и роговитиот череп на ибекс[3].
Слики
уредиСтотици слики на животни се каталогизирани, прикажувајќи најмалку 13 различни видови, вклучувајќи ни некои денес многу ретки или животни кои никогаш не се пронајдени во други слики од леденото доба. Наместо да се прикажуваат само познатите тревопасни животни кои преовладувале во палеолитската пештерска уметност, односно коњи, мамути и сл., врз sидовите биле насликани и грабливци, животни како на на пример, пештерски лавови, леопарди, мечки и пештерски хиени . Исто така постојат и слики од носорози. Типично за пештерната уметност е непостоењето на слики со целосни човечки фигури, иако постои делумна фигура детал- „Венера“ составена од она што изгледа како вулва прикачена на нецелосен пар нозе. Над Венера, и во контакт со неа, е глава на бизон, некои тоа го опишале како цртеж - Минотаур.
Постојат неколку површини насликани со црвен окер врз кој има отпечатоци од раце и матрица направена со дување на пигмент преку рацете притиснати на површината. Апстрактни- линии и точки - се наоѓаат насекаде низ пештерата. Исто така, постојат две неидентификувани слики кои имаат нејасна форма на пеперутка или птица. Оваа комбинација на предмети ги навела некои од проучувачите на пештерната уметност да веруваат дека постоел ритуал, шаманистички кој бил , магична поента на сликите. Еден цртеж, подоцна прекриен со скица на елени, потсетува на вулкан што исфрла лава, слично на регионалните вулкани кои беа активни во тоа време. Доколку се потврди, ова би претставувало најраниот познат цртеж на вулканска ерупција[4]. .
Датирање
уредипостојат различни датирања-некои сметаат дека сликите се создадени во периодот од 32.000-30.000 години пред нашата ера. Други, како археологот Кристијан Зихнер, потпирајќи се на стилски споредби со слични слики на други добро датирани локации, изразил мислење дека црвените слики се од периодот Граветски (околу 28.000–23.000 ), а црните слики се од Ран Магдаленски период (ран дел од околу 18.000 – 10.000 ). Сепак до 2011 година врз основа на земени над 80 примероци од сликите, со метод на радиоактивен јаглен, било сепак констатирано дека сликите се од периодот 35.000-30.000 години пред нашата ера
Во 2020 година, истражувачите ја искористија новата технологија за на радиоактивен јаглен IntCal20 за и процениле дека најстарата слика во пештерата е создадена пред 36.500 години.
Конзервација и одржување
уредиПештерата била затворена за јавноста од 1994 година. Пристапот е строго ограничен поради искуството со пештерите Алтамира и Ласкако пронајдени во 19 и 20 век, каде што приемот на посетители во голем обем доведе до раст на мувла на sидовите што gi оштетило сликите на многу места .
Францускиот министер за култура Аурели Филипети ја нарече пештерата „едно од светите места на човештвото“, што им овозможи на историчарите да погледнат во длабочините на вековите. На 25 април 2015 година, реплика на пештерата - Понт-д'Арк Кав - била отворена за посетителите во близина на градот Валон -Понт -Д'Арк. Создавањето точна реплика на пештерата траело неколку години труд на уметници, инженери, вајари и чинело 55 милиони евра. Со помош на најновите технологии, специјалистите успееја точно да ги репродуцираат цртежите од оригиналната пештера[5].
Библиографија
уреди- Jean-Marie Chauvet, Eliette Brunel Deschamps, Christian Hillaire, Eliette Bruel Deschamps: Grotte Chauvet bei Vallon-Pont-d’Arc. Jan Thorbecke, Stuttgart 1995. ISBN 3-7995-9000-5
- Jean Courtin: Die vergessene Höhle. Roman. Piper, München 2000. ISBN 3-492-23035-0
- Sous la direction de Jean-Jacques Delannoy et Jean-Michel Geneste, Atlas – Monographie de la grotte Chauvet-Pont d'Arc, tome 1, éditions de la Maison des Sciences de l'Homme, 2020 ISBN 978-2735125333
- Éliette Brunel, Jean-Marie Chauvet, Christian Hillaire, en collaboration avec Carole Deschamps-Étienne, La Découverte de la grotte Chauvet-Pont d'Arc, éditions Equinoxe, 2014 ISBN 2-84-135864-X
- Jean-Marie Chauvet, Éliette Brunel Deschamps, Christian Hillaire, La Grotte Chauvet à Vallon-Pont-d'Arc, éditions du Seuil, 1995 ISBN 2-02-025530-8
- Archéologia, « La grotte Chauvet, un nouveau Lascaux », numéro spécial , 1995
- Jean Clottes (dir.), La Grotte Chauvet : l'art des origines, éditions du Seuil ISBN 2-02-102208-0, 2001
- Jean Clottes et Marc Azéma, Les Félins de la grotte Chauvet, éditions du Seuil ISBN 2-02-069272-4, 2005
- Bernard Gély et Marc Azéma, Les Mammouths de la grotte Chauvet, éditions du Seuil ISBN 2-02-069271-6, 2005
- Jean-Michel Geneste (dir.), Recherches pluridisciplinaires dans la grotte Chauvet, Société préhistorique française / Association française de karstologie, 2005 ISBN 2-913745-21-0
- John Berger, Jean-Marc Ellalouf, John Robinson, Jean-Jacques Salgon, Grotte Chauvet, Pont d'Arc : impressions, éditions du Chassel, 2007 ISBN 978-2-9509918-9-8
.*S. Petrognani, De Chauvet à Lascaux, l'art des cavernes, reflet de sociétés préhistoriques en mutation, Arles, éditions Errance, , 2013
- Marc Azéma, « La grotte Chauvet-Pont d'Arc et La Baume-Latrone. Les plus anciens récits graphiques », dossier d'Archéologie, 2013
- Dominique Baffier, La Grotte Chauvet, éditions Ouest-France, 2014 ISBN 978-2-7373-5903-3
- Dominique Baffier, Les Grottes peintes, éditions Le Pérégrinateur, , 2004 ISBN 2-910352-27-7
- Jacques Daniel, « Chauvet, patrimoine de l'Humanité - interview de Jean Clottes », Archéologia
- R. Pigeaud, « Chauvet II copie d'un chef d'œuvre », dossier d'Archéologie, 2014,
- Jacques Daniel, Grotte Chauvet, reconstituer le panneau des Lions, Archéologia, 2014,
- Jean Combier et Guy Jouve, « Nouvelles recherches sur l'identité culturelle et stylistique de la grotte Chauvet et sur sa datation par la méthode du 14C », suivi de : Michel Lorblanchet, « Au sujet de l'article de J. Combier et G. Jouve et de la datation de la grotte Chauvet », L'Anthropologie, vol. 118,
Надворешни врски
уреди- The Cave of Chauvet-Pont-d'Arc French Ministry of Culture information site; includes an interactive map with photos.
- Google Arts & Culture Chauvet Cave Chauvet Cave accessible through virtual reality.
- http://archeologie.culture.fr/chauvet/en/explore-cave Архивирано на 30 јуни 2021 г. Virtual Tour of the cave
- Ancient Grand Masters: Chauvet Cave, France A brief article by Jean Clottes of the French Ministry of Culture, responsible for overseeing the authentication of the contents and art of the cave
- Chauvet Cave (ca. 30,000 b.c.) on the Metropolitan Museum of Art's Timeline of Art History
- Doubt Cast on Age of Oldest Human Art abstract of April 18, 2003 New Scientist article by Jenny Hogan
- Chauvet Cave The cave paintings and rock art of Chauvet, with contributions by Jean Clottes
- The Grotte Chauvet : a completely homogeneous art?
- Chauvet cave An enthusiast site with photographs and articles.
- « Grotte Chauvet : l’Atlas d’un monde retrouvé », La Méthode scientifique, France Culture, 24 décembre 2020.
- « La grotte Chauvet, palais des mémoires », Carbone 14, le magazine de l'archéologie, France Culture, 19 septembre 2020
- La grotte originale : page officielle sur le site du ministère français de la Culture, avec visite virtuelle
- La caverne du Pont-d'Arc : site officiel pour la visite de la réplique de la grotte
- Grotte Chauvet : dans l'atelier du fac-similé : vidéo de présentation sur le site CNRS - Le Journal
- Grotte ornée du Pont-d’Arc, dite Grotte Chauvet-Pont-d’Arc, Valeur universelle exceptionnelle
Наводи
уреди- ↑ Explore the Cave
- ↑ Decorated Cave of Pont d’Arc, known as Grotte Chauvet-Pont d’Arc, Ardèche
- ↑ rotte Chauvet, restitution réussie, frisson garanti, émotion assurée !
- ↑ La Grotte Chauvet-Pont d’Arc, Vallon-Pont-d’Arc (Ardèche), inscrite sur la liste du patrimoine mondial de l’UNESCO dimanche 22 juin 2014 à Doha (Qatar)
- ↑ „Cave 2“. Архивирано од изворникот на 2021-09-07. Посетено на 2021-09-07.