Шинано (река)

река во Јапонија

Шинано јапонски: 信濃川, шинано-гава) — најдолгата и најголемата[1] река во Јапонија. Тече од префектурата Нагано до префектурата Ниигата, каде е наречена Чикума (千曲川, чикума-гава).

Шинано
Местоположба
Физички особености
УстиеЈапонско Море
Должина367 км
Особености на сливот

Извира во планината Кобуши, на тромеѓето на Сајтама, Јаманаши и Нагано и тече на северозапад, каде се среќава со притоката Сај од Мацумото. Подрачјето на уоката, наречено Каванакаџима (川中島), е познато по местото кајшто избиле Битките кај Каванакаџима помеѓу војските на властелините Такеда Шинген од Кај и Уесуги Кеншин од Ечиго. Потое течението свртува во североисточен правец и реката се влева во Јапонското Море кај градот Ниигата.

Во 1922 г. е изграден каналот Окозу како заштита на Ниигата од поплави. Ова овозможило создавање на големи и богати оризови полиња во Ниигатската Рамница.

По реката („Чикума“) се наречени два борбени крстосувачи Царската јапонска морнарица.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Nilsson, Christer; Reidy,Catherine A.; Dynesius, Mats and Revenga, Carmen; Fragmentation and Flow Regulation of the World’s Large River Systems; Science; vol. 308; стр. 405-408

Надворешни врски

уреди

37°23′17″N 138°48′39″E / 37.38806° СГШ; 138.81083° ИГД / 37.38806; 138.81083