Шеќерен летач
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордови
Класа: Цицачи
Инфракласа: Торбари
Ред: Двопреднозаби
Семејство: Летечки торбари
Род: Вистински летечки торбари
Вид: Шеќерен летач
Научен назив
Petaurus breviceps
Waterhouse, 1839
Природна распространетост на шеќерните летачи:
Црвено:P. b. breviceps
Сино:P. b. longicaudatus
Темно Зелено:P. b. ariel
Златно:P. b. flavidus
Виолетово:P. b. papuanus
Светло Зелено:P. b. tafa
Црно:P. b. biacensis


Шеќерен летач (научPetaurus breviceps) — вид мали летачки посуми од родот вистински летечки торбари (Petaurus) на семејството летечки торбари (Petauridae). Потекнуваат од источното и северното австралиско крајбрежје, како и од Нова Гвинеја и Бизмарковиот Архипелаг.

Младенче на шеќерен летач

Живеалишта

уреди

Лесно може да се најдат во секоја шума, каде ги има нивните извори на храна, но особено се чести во евкалиптните шуми. Тие се ноќни животни и го преспиваат најголемиот дел од денот во своите гнезда. Се прехрануваат преку лов на инсекти и ситни `рбетници или преку пиење на сокот од различни растенија.

Како Миленици

уреди

Насeкaде низ светот, а во последните години и во Македонија шеќерните летачи стануваат популарни како домашни миленици, поради која причина тие се едни од најчесто нелегално препродаваните диви животни. Легалната продажба на шеќерните летачи предвидува нивно размножување во заробеништво, додека нелегалните трговци ги фаќаат дирекно во дивината, од нивните живеалишта.

Во Австралија е дозволено нивно одгледување во сите територии, додека тие се најпопуларни миленици во САД, каде во последните години се отвораат големи фарми за размножување на шеќерни летачи. Единствените држави во склоп на САД кои го забрануваат нивното одгледување се Калифорнија, Хаваи, Масачусетс, Алјаска и Пенсилванија.

Бидејќи се релативно нов вид на миленици, како и доста егзотични животни, постојат многу контроверзии поврзани со нивното однесување. Сепак, ретко кои од тие митови се точни и објективни.