Бизмарков Архипелаг
Бизмарков Архипелаг (англиски: Bismarck Archipelago) — островска група североисточно од Нова Гвинеја, во западниот дел на Тихиот Океан. Управно влегува во состав на Островскиот Регион на Папуа Нова Гвинеја. Зафаќа површина од околу 50.000 км2.
Карта на Бизмарковиот Архипелг | |
Географија | |
---|---|
Место | Папуа Нова Гвинеја |
Координати | 5°00′S 150°00′E / 5.000° ЈГШ; 150.000° ИГД |
Поголеми острови | Нова Британија, Нова Ирска |
Површина | 49.700 км2 |
Држава | |
Регион | Островски Регион |
Историја
уредиПрвите жители на архипелагот се доселиле некаде пред 33.000 години од Нова Гвинеја, или со пловила преку Бизмарковото Море или преку привремен копнен мост создаден со подигање на Земјината кора. Подоцна се доселиле и други, како народот Лапита.
Првиот европееецa што ги посетил овие острови бил холандскиот истражувач Вилем Схаутен во 1616 г.[1][2] Островите останале ненаселени од Европејци сè до нивното припојување како дел од протекторатот Германска Нова Гвинеја во 1884 г. Областа е наречена во чест на германскиот канцеларот Ото фон Бизмарк.
На 13 март 1888 г. на островот Ритер избувнал вулкан и предизвикал мегацунами. Речиси целата вулканска планина паднала во океанот и од неа останало само мало кратерско езеро.[3]
Во 1914 г. со почетокот на Првата светска војна, Австралиските поморски и воени експедициски сили го зазеле островот и Австралија подоцна ги добила од Лигата на народите како нејзина мандатна територија. Австралиско владение сè до независноста на Папуа Нова Гвинеја во 1975 г. со исклучок на јапонската окупација за време Втората светска војна.
Географија
уредиАрхипелагот опфаќа претежно вулкански острови и се протега на површина од 49.700 км2 во состав на Бизмарковото Море. Во тектонска смисла, сместен е на севернобизмарковата, манушката и јужнобизмарковата плоча.
Ова е список на острови во архипелагот, подредени по покраини:
- покраина Манус (погл. 9 на картата)
- Адмиралитетски Острови, во чиј состав се 18 острови:
- Балуан
- Голема Ндрова или само Ндрвоа
- Лос Негрос
- Лоу
- Манус (главен остров)
- Пак
- Пердиеви Острови
- Рамбутјо
- Светиандреини Острови
- Тонг
- Западни Острови, со:
- Адмиралитетски Острови, во чиј состав се 18 острови:
- покраина Нова Ирска (12)
- Дјаул
- острови Лихир
- Нова Ирска или Њу Ајлан (главен остров)
- Нов Хановер или Лавонгај
- Светиматееви Острови
- острови Табар
- Танга
- острови Фени
- покраина Источна Нова Британија (4)
- Нова Британија или Њу Бритен (главен остров)
- Острови на Војводата од Јорк
- покраина Западна Нова Британија (18)
- Нова Британија или Њу Бритен (главен остров)
- Виту
- покраина Моробе (11)
- покраина Маданг (8)
- покраина Источен Сепик (5)
Морскиот премин помеѓу Нова Британија и Нова Ирска се нарекува Светигеоргиев Проток според Светигеоргиевиот Проток помеѓу Британија и Ирска.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Sigmond, J. P. and Zuiderbann, L. H. (1976) Dutch Discoveries of Australia, Rigby, Australia. ISBN 0-7270-0800-5
- ↑ Spate, O. H. K. (1979) The Spanish Lake, Australian National University, Second Edition, 2004. ISBN 1-920942-17-3
- ↑ Ward, Steven N.; Day, Simon (September 2003). „Ritter Island Volcano —Lateral Collapse and the Tsunami of 1888“. Geophysical Journal International. Blackwell Publishing. 154 (3): 891. Bibcode:2003GeoJI.154..891W. doi:10.1046/j.1365-246X.2003.02016.x.
Библиографија
уреди- Firth, Stewart (1983). New Guinea Under the Germans. Carlton, Australia: Melbourne University Press. ISBN 0-522-84220-8.
- Howe, K. R., Robert C. Kiste, Brij V. Lal, eds. (1994). Tides of History: The Pacific Islands in the Twentieth Century. Honolulu: University of Hawaii Press. ISBN 0-8248-1597-1.
- King, David et al. (1982). Papua New Guinea Atlas: A Nation in Transition. Bathurst, Australia: R. Brown and the University of Papua New Guinea. ISBN 0-909197-14-8.
- Moore, Clive (2003). New Guinea: Crossing Boundaries and History. Honolulu: University of Hawaii Press. ISBN 0-8248-2485-7.
- Ryan, Peter, ed. (1972). Encyclopedia of Papua New Guinea. 3 volumes; Vol I: A - K, maps, black and white illustrations, xv + 588pp. Vol II: l - Z, maps, black and white illustrations, 589-1231pp. Vol III: Index, folding colour map in rear pocket, map, colour illustration, v + 83pp. Carlton, Australia: Melbourne University Press. ISBN 978-0-522-84025-4.
Надворешни врски
уреди„Бизмарков Архипелаг“ на Ризницата ? |
- Историска карта Архивирано на 5 март 2016 г.