Шеик (филм од 1921)
Шеик (англиски: The Sheik) - американски филм од 1921 година, во режија на Џорџ Мелфорд (George Melford). Главните улоги ги граат: Рудолф Валентино (Rudolph Valentino), Агнес Ајрес (Agnes Ayres), Волтер Лонг (Walter Long) и Адолф Менжу (Adolphe Menjou).
Синопсис
уредиФилмот започнува со сцената во која во Сахара се одржува пазар на жени, а зделките ги набљудува шеикот Ахмед Бен Хасан (го игра Валентино). Во меѓувреме, во градот, Дајана Мајо, слободоумна и дива Англичанка (ја игра Ајрес) се подготвува да замине на туристичко разледување во пустината, предводена од арапски водич. Притоа, таа ја одбива понудата за брак, зашто сака да ја зачува својата независност. Во нејзиниот хотел пристигнува шеикот Ахмед, со цел да се забавува во казиното, каде им е дозволен пристап само на Арапите. Незадоволна од тоа што не ѝ дозволен пристап во казиното, таа се преоблекува во арапска танчерка и влегува внатре. Меѓутоа, шеикот Ахмед ја открива нејзината измама и таа е принудена да си замине. Следното утро, додека Дајана спие, во нејзината соба влегува шеикот, кој потоа пее под нејзиниот балкон. Потоа, таа заминува во пустината, но ја грабнува шеикот, кој сака да се ожени со неа. Кога шеикот ја најавува посетата на неговиот пријател, францускиот доктор и писател Раул Хубер, Дајана е очајна, зашто се срами од средбата со претставник на својата раса. Дајана е очајна и во една прилика, за време на прошетката низ пустината, таа се обидува да побегне, но паѓа од коњот, а во близина поминува караванот на разбојникот Омер. Сепак, во последен миг пристигнуав шеикот Ахмед и ја спасува. д-р Хубер бара од шеикот да ја врати Дајана во градот, зашто таа е несреќна во пустината и шеикот се согласува. Во меѓувреме, додека Дајана е на прошетка во пустината, неа ја грабнува разбојникот Омер и ја носи во својата тврдина. Шеикот дознава за нејзиното грабнување и собира војска, подготвувајќи се за напад на тврдината на Омер. Во меѓувреме, Омер се обидува да ја обљуби Дајана која дава отпор. Додека таа се бори со Омер, во тврдината навлегува војската на шеикот, кој го убива Омер, но во борбата е тешко повреден во главата. Додека Ахмед лежи во бесознание, д-р Хубер ѝ кажува на Дајана дека тој не е Арап, туку неговите родители биле Европејци; пред 25 години, тој бил спасен од тогашниот шеик, кој потоа го одгледал како свој син. Дајана се моли за здравјето на шеикот и тој се освестува.[1]