Шарена српоклуна шлука

Шарена српоклуна шлука
Numenius phaeopus
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордови
Класа: Птици
Ред: Бекасови
Семејство: Мочварки
Род: Numenius
Вид: Шарена српоклуна шлука
Научен назив
Numenius phaeopus
(Linnaeus, 1758)

Шарената српоклуна шлука (науч. Numenius phaeopus) е крајбрежна птица која е широко распространета низ целиот свет. Се размножува од субарктичка Северна Америка, Европа и Азија најјужно до Шкотска.

Таа е птица преселница што зимува на бреговите на Африка, Јужна Америка, јужна Азија до Австралија, како и во јужна Северна Америка. За време на миграциите таа е пак на крајбрежјата.[2] Се среќава и во Македонија. Вон сезоната на размножување таа се собира во големи јата.

Опис

уреди

Ова е прилично голема блатна птица иако е со средна големина во својот род. Долга е 37-47 см, со распон на крилјата 75-90 см и тежина од 270 до 493 грама.[3] Претежно е сивокафеава, со бел грб и бело под опашката (само подвидовите N. p. phaeopus и N. p. alboaxillaris), и има долг свиен клун (подолг кај женките), со завој при врвот повеќе отколку што е целиот свиен. Обично се внимателни птици. Повикот им е клокотлив свиреж, продолжен со вибрирање кога пее.

Подвидови

уреди

Има 4 подвида:

  • Numenius phaeopus phaeopus - северна Европа и северозападна Азија;
  • Numenius phaeopus variegatus - североисточна Азија;
  • Numenius phaeopus alboaxillaris - Средна Азија (ретки, загрозени);
  • Numenius phaeopus hudsonicus (Hudsonian Curlew) - северна Северна Америка.

Поведение

уреди

Овој вид се храни сондирајќи со долгиот клун во меката кал во потрага по мали безрбетници или, пак, собира мали ракчиња и сличен плен од површината. Пред преселбата, бобинките се важен дел од нивната исхрана. Тие, исто така, јадат сини пеперуги.

Гнездото е мала дупка сместенa во мочуриштата на арктичките тундри. Несат 3-5 јајца. Возрасните одлучно ја бранат територијата за гнездење, па дури ќе нападнат човек ако премногу се приближи.

Кон крајот на 19 век, оваа птица била често ловена на нејзиниот миграциски пат, кога бројот ѝ опаднал, но оттогаш популацијата се обновува и опоравува.

И на оваа птица се однесува Договорот за заштита на африканско-евроазиските миграторни водни птици.

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. BirdLife International (2012). Numenius phaeopus. IUCN Red List. Version 2012.1. International Union for Conservation of Nature. Посетено на 16 July 2012.
  2. "Birds" (Collins Pocket Guide 1998), p.156.
  3. Whimbrel entry at Cornell Lab of Ornithology's "All About Birds"

Надворешни врски

уреди