Шамбала
Шамбала (Тибетски: བདེ་འབྱུང་) — таинствена земја, според повеќе извори и легенди, се наоѓа некаде на Хималаите[1].
Се среќава и под името Агарта. Според теозофите, таму се и учителите на Мадам Блаватска и на теозофското учење[2].
Во раните будистички текстови Шамбала се споменува како извор на езотеричната мудрост. Постојат многу митови за нејзината локација. Кинезите укажуваат на планината Кунлун, а преданијата од Блискиот Исток се повикуваат на планината Алтај. Главните, древни извори за Шамбала потекнуваат од будизмот (Вајрајана) [3].
Описот на Шамбала е содржан во текстовите Калачакра - тантра. Според овие текстови, Шамбала се наоѓа северно од реката Сита (идентификувана со Тарим, Аму Дарја или Сидријарија). Опкружена е со осум снежни планини кои личат на лотос. Во нивниот центар е главниот град на Шамбала, каде се наоѓа Калапа - кралскиот дворец. Сухандра, се смета за прв крал-свештеник на Шамбала. После Таансандра, во земјата владееле уште шест кралеви, свештеници, или вкупно дваесет и петмина владетели под името Калки Аватар, од кои секој владеел по 100 години. Според учењето, вкупно треба да владеат 32 кралеви. Последниот, треба да го спаси човештвото од материјалното зло во кое е западнато[4].
Според Шамбала, суштествувањето на човештвото, во почетокот било просветлено и според божјите учења. Потоа, тоа постепено, почнало да се оддалечува од овој единствен и вистински пат запаѓајќи во сè подлабока духовна и егзистенцијална криза. Тоа била причината, нејзините учители, да се повлечат далеку и да се скријат во планините[5].
Постојат легенди и тврдења дека овие адепти сè уште се во недостапните места на Хималаите. Во древните митови и легенди забележано е дека се зборува за земја во која владеат совршени луѓе. Во Махабхарата, големиот индиски еп, вклучувајќи го и Багавад-гита како и во тибетските легенди, тоа е волшебно место во кое живеат совршени луѓе. Во многу руски приказни и легенди е опишанат како Беловодие и оваа земја е на Исток. Постојат и други извори како Аполониј Тијански од првиот век на нашата ера како и познатиот географ и патописец грофот Сен Жермен кои забележале дека биле во оваа прекрасна земја, наречена Шамбала. Окултистот Свети Ив д'Алвер тврдел дека ја посетил Агарта и во својата книга „Мисијата во Индија“ го опишал она што го видел: „напредните луѓе на човештвото живеат во Шамбала и помагаат да се воздигне човештвото давајќи поттик во развојот на човековата култура.“ Тврдел дека во Шамбала живееле околу 20 милиони луѓе.[6]. За Шамбала зборувале и Монголците. А жителите на Хималаите, одбиваат да ги одведат странците на посочените места. Се тврди и дека коњите кога се приближуваат до локациите, не сакаат да продолжат понатаму, треперејќи од непознати причини. Во 1925 - 1928 година, Николај Рорих организирал голема експедиција за време на која собрал многу интересни информации за Шамбала. Некои од нив се опишани во книгата „Отворени врати“[7].
Според ламите од Тибет, пророштвата што доаѓаат од древните времиња ќе се остварат: „Времето на Шамбала веќе доаѓа... Но, најпрво ќе дојдат војни и многу земји ќе бидат уништени. Подземни огнови ќе ја тресат земјата. Сигналите ќе бидат испратени“[8].
Светите книги од Исток зборуваат за крајот на старото доба (нашето време и епоха) наречено Калијуга. „Земјата ќе биде освоена од привремени монарси, кралеви, лоши, зли, лажливи, оддадени на злото. Ќе ги убиваат жените и децата... Алчни, ќе им го одземат имотот на поданиците. Нивниот живот ќе биде краток, а желбите ќе им бидат ненаситни. Луѓето од различни земји, ќе се обединат со нив. Материјалното богатство ќе биде единствената вредност. Страста, материјална и телесна, ќе биде единствената сила меѓу половите. Желбата за богатство ќе предизвикува масовни колежи. Богатите ќе бидат сметани за најчисти. Така, Калијуга, постојано и длабоко ќе почне да пропаѓа и да тоне“[9].
Првиот јавен научен доказ за постоењето на Агарта бил забележан во 1947 година, кога адмиралот Ричард Берд од морнарицата на САД, полетал кон Северниот Пол. Наместо над полот, тој всушност влегол во земјата. Во својот дневник, тој запишал дека влегол во длабочината на земјата, патувал 17 милји над планини, ридови, реки, зелена вегетација (флора) и (фауна). Ричард, наишол на градови и просперитетна цивилизација. Надворешната температура била 23 степени Целзиусови. Неговиот авион бил пречекан од машини за летање со изглед каков што дотогаш не видел. Тие го придружувале во исконската земја, каде што бил срдечно пречекан од Агарта. По паузата, тој и неговата група биле однесени да им честитаат на кралот и кралицата на Агарта. Му рекле дека му е дозволено да влезе во Агарта заради неговиот висок морал и срдечност на карактерот. Му било пренесено дека, жителите на Шамбала биле загрижени за безбедноста на планетата и дека многу од нивните луѓе ја напуштале планетата со бродови, плашејќи се за стабилноста и безбедноста на планетата. Дневникот, доказите и тврдењето на Ричард Берд ги замолкнала владата на САД [10].
Извори
уреди- Петър Днов „Патот кон Светлината“[11]
- Никола Рорих „Отворени двери“[12]
- Елена Рорих „Чашата на Изтокот“[13]
- Ернст Мулдашев „Во рацете на Шамбала“[14]
- Јан ван Хелсинг „Не допирајте ја оваа книга“[15]
Наводи
уреди- ↑ śambha
- ↑ SHAMBHALA
- ↑ SHAMBALA: FROM MYTHS TO REALITY
- ↑ „SHAMBALA INTEGREATION“. Архивирано од изворникот на 2020-01-28. Посетено на 2020-01-28.
- ↑ Шамбала
- ↑ „Śambhala“. Архивирано од изворникот на 2020-01-28. Посетено на 2020-01-28.
- ↑ „Shambhala“. Архивирано од изворникот на 2020-01-28. Посетено на 2020-01-28.
- ↑ „Kālacakra Tantra: Śambhala“. Архивирано од изворникот на 2019-11-08. Посетено на 2020-01-28.
- ↑ [ https://www.tsemrinpoche.com/tsem-tulku-rinpoche/great-lamas-masters/the-mythical-land-of-shambhala.html/ The mystical]
- ↑ Адмиралот Ричард Берд
- ↑ Петър Дънов, "Път към Светлината"
- ↑ Николай Рерих
- ↑ Елена Ивановна Рерих
- ↑ „Ернст Мулдашев“. Архивирано од изворникот на 2020-09-22. Посетено на 2020-01-28.
- ↑ Jan van Helsing
Надворешни врски
уреди- René Guénon, [1] Архивирано на 17 мај 2016 г.
- Sofia Stril-Rever, Raudra Chakrin, vingt-cinquième roi kalkin de Shambhala Архивирано на 12 септември 2011 г.
- The ‘King’ of Shambhala Buddhism