Чукотски Полуостров

полуостров во североисточна Русија
Местоположба на Чукотскиот Полуостров во источен Сибир

Чукотски Полуостров (руски: Чуко́тский полуо́стров) или Чукотка (Чуко́тка) — полуостров на крајниот североисток на Русија и најисточниот полуостров на Азија, кој на исток завршува со ’ртот Дежњов кај селото Уелен. Се граничи со Чукотското Море на север, Беринговото Море на југ и Беринговиот Проток на исток. Административно припаѓа во Чукотскиот автономен округ.

Полуостровот е именуван во 1728 г. од Витус Беринг, кој го нарекол по месниот народ Чукчи[1].

Најзастапени стопански гранки се рударството (калај, олово, цинк, злато и јаглен), ловот, одгледувањето ирваси и риболовот.

Домородно населениеУреди

Домородни народи на полуостровот се Чукчите, Јуитите, Сирениците, Корјаците, Чуванците, Евените и Јукагирите, кои традиционално се хранеле со сирова риба и месо од ирваси. Со индустријализацијата, бројот на ирвасите значајно се намалил, приморувајќи ги да ја заменат здравата исхрана со преработена храна која предизвикува недостаток од витамини и минерали.[2]

ПоврзаноУреди

НаводиУреди

  1. Леонтьев В. В., Новикова К. А. (1989). Топонимический словарь северо-востока СССР. Магадан: Магаданское книжное издательство. стр. 415. ISBN 5-7581-0044-7.
  2. Ivanov, Andrei, "Russia: loss of reindeer herds threatens indigenous communities", Inter Press Service English News Wire via HighBeam, Moscow

Надворешни врскиУреди

Координати: 66°00′N 172°00′W / 66.000° N; 172.000° W / 66.000; -172.000