Чукотски Полуостров
Чукотски Полуостров (руски: Чуко́тский полуо́стров) или Чукотка (Чуко́тка) — полуостров на крајниот североисток на Русија и најисточниот полуостров на Азија, кој на исток завршува со ’ртот Дежњов кај селото Уелен. Се граничи со Чукотското Море на север, Беринговото Море на југ и Беринговиот Проток на исток. Административно припаѓа во Чукотскиот автономен округ.
Полуостровот е именуван во 1728 г. од Витус Беринг, кој го нарекол по месниот народ Чукчи[1].
Најзастапени стопански гранки се рударството (калај, олово, цинк, злато и јаглен), ловот, одгледувањето ирваси и риболовот.
Домородно население
уредиДомородни народи на полуостровот се Чукчите, Јуитите, Сирениците, Корјаците, Чуванците, Евените и Јукагирите, кои традиционално се хранеле со сирова риба и месо од ирваси. Со индустријализацијата, бројот на ирвасите значајно се намалил, приморувајќи ги да ја заменат здравата исхрана со преработена храна која предизвикува недостаток од витамини и минерали.[2]
Поврзано
уреди- Чукотско Море
- Чукотски јазици
- Чукотски автономен округ
- Сјуард — полуостров во Алјаска спротива од Чукотка
Наводи
уреди- ↑ Леонтьев В. В., Новикова К. А. (1989). Топонимический словарь северо-востока СССР. Магадан: Магаданское книжное издательство. стр. 415. ISBN 5-7581-0044-7.
- ↑ Ivanov, Andrei, „Russia: loss of reindeer herds threatens indigenous communities“, Inter Press Service English News Wire via HighBeam, Moscow, Архивирано од изворникот на 2015-09-24, Посетено на 2015-12-19
Надворешни врски
уреди„Чукотски Полуостров“ на Ризницата ? |
- География Чукотки
- Видео ландшафтов и зверей Чукотского полуострова
- Чукотская ландшафтная область в книге: Н. А. Гвоздецкий, Н. И. Михайлов. Физическая география СССР. М., 1978.