Чукаре (Длапкин Дол)

археолошко наоѓалиште во Македонија
Чукаре

Карта

Местоположба 41°34′5″N 20°57′19″E / 41.56806° СГШ; 20.95528° ИГД / 41.56806; 20.95528
Основни податоци
Место Длапкин Дол
Општина Кичево
Тип

 населба


Период железно време
хеленистичко време
римско време
Портал „Археологија“

Чукареархеолошко наоѓалиште во кичевското село Длапкин Дол, Општина Кичево. Претставува населба од железното, хеленистичкото, римското и доцноантичкото време.Се наоѓа во непосредната близина на селото, од неговата северна страна, на висок рид што се издига над железничкиот мост и коритото на Мала Река. На врвот, кој има зарамнето плато со површина од 200 × 150 м, се зачувани остатоци од населба со одбранбен бедем ѕидан од камен и варов малтер. На површината се присутни фрагменти од керамички садови, градежен материјал и згура од топена железна руда. Керамиката според фактурата, изработката, типологијата и украсувањето е од различни временски и културни епохи. Наодите се чуваат во Музејот во Кичево.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069