Човекот не е птица

„Човекот не е птица“ (српски: Човек није тица) — југословенски филм од 1965 година, во режија на Душан Макавеев. Главните улоги ги толкуваат: Милена Дравиќ, Јанез Врховец, Ева Рас, Столе Аранѓеловиќ и Борис Дворник.

Синопсис

уреди

Еден постар, ценет стручњак привремено доаѓа во еден индустриски град, заради монтажа на една машина. Во куќата каде што живее како потстанар, тој запознава млада фризерка и почнува љубовна романса со неа. Таа врска предизвикува необични последици откако во нивниот однос ќе се вмешаат еден млад возач и еден патувачки циркус.[1]

Наводи

уреди