Човекот кој го уби Либерти Валанс (филм од 1962)
„Човекот кој го уби Либерти Валанс“ (англиски: The man who shot Liberty Valance) - американски вестерн-филм од 1962 година, во режија на Џон Форд, според сценариото на Џејмс Вормер и Вилис Голдбек (засновано врз краткиот расказ на Дороти М. Џонсон). Во главните улоги настапувааат: Џејмс Стјуарт, Ли Марвин, Џон Вејн, Вера Мајлс, Едмонд О'Браен, Вуди Строд и Енди Дивајн. Филмот спаѓа во подоцнежниот опус на Џон Форд и претставува не само негово капитално дело, туку оставил голем печат врз целиот жанр. Истовремено, тоа е филм кој со својата сложена наративна стратегија успешно се вклопува во филмскиот модернизам. Кога се појавил на екраните, големината на филмот не била препозната и тој бил номиниран за наградата „Оскар“ само во категоријата за црно-бела костимографија, но набргу станал предмет на пофалби од европската, а потоа и од американската критика, а денес се смета за филмска класика.[1]
Синопсис
уредиСенаторот Ренсом Стодард (го игра Стјуарт) и неговата сопруга пристигнуваат во градот Шинбон на Дивиот Запад, со цел да присуствуваат на погребот на Том Донифон со кого биле блиски пред многу години, во времето кога железничката пруга сè уште не била стигната до градот. Грдаските новинари се заинтересирани за причините поради кои угледнито сенатор дошол на погребот на еден непознат човек. Така, Стодард им раскажува како пристигнал во Шинбон, како млад адвокат, со намера да го воведе владеењето на законот. Меѓутоа, одметникот Либерти Валанс (го игра Марвин) му се спротивставува на младиот Стодард кому единствената помош може да му ја пружи Том Донифон. Во тоа време, Том живеел на својот ранч, заедно со црниот слуга Помпеј, очекувајќи дека девојката Холи наскоро ќе се омажи за неа. Меѓутоа, Холи се вљубува во Стодард, кој наоѓа на бројни тешкотии во воведувањето на законите во градот. Најпосле, тој станува шериф, но тогаш Либерти Валанс му се заканува дека ќе го убие. Една ноќ, Либерти го предизвикува шерифот на двобој и притоа погинува во престрелката. Во тој миг, сите мислат дека Стодард (кој не знае да ракува со оружјето) го убил Либерти Валанс, но всушност, вистинскиот убиец е добро прикриениот Том.[2]