Чевански јазик

(Пренасочено од Чичева)

Њанџа (Chinyanja) или чевански јазик (Chicheŵa)[1] е јазик од семејството на банту-јазици.

Чевански јазик
Chichewa, Chinyanja
Застапен во Замбија
 Малави
 Мозамбик
 Зимбабве
Говорници8,7 милиони  
Јазично семејство
Статус
Службен во Малави
 Замбија
Регулативен органнепознато
Јазични кодови
ISO 639-1ny
ISO 639-2nya
ISO 639-3nya
Linguasphere99-AUS-xa вклуч. вариетитте 99-AUS-xaa...-xag

Распределба

уреди

Њанџа е државен јазик на Малави. Претставува и еден од седумте службени јазици во Замбија, каде се говори претежно во Источната покраина и градот Лусака. Застапен е и во Мозамбик, особено во покраините Тете и Њаса, како и во Зимбабве каде е трет по застапеност по шона и северниот ндебеле.

Јазикот, како што се употребува во Лусака, во огромна мера се разликува од неговата рурална варијанта (таму наречен „чева“) и е полн со изведенки од англиски, како и влијанија од други замбиски јазици како бемба. На пример, множинската претставка a- (за луѓе и други живи суштества) во Лусака е ba-.

Наводи

уреди
  1. Родовата претставка chi- се користи за јазици, па затоа јазикот се нарекува Chinyanja или Chichewa.

Библиографија

уреди
  • Mchombo, Sam, 2004. The Syntax of Chichewa. Cambridge Syntax Guides
  • Henry, George, 1891. A grammar of Chinyanja, a language spoken in British Central Africa, on and near the shores of Lake Nyasa.
  • Woodward, M. E., 1895. A vocabulary of English-Chinyanja and Chinyanja-English as spoken at Likoma, Lake Nyasa. Society for promoting Christian knowledge.

Надворешни врски

уреди