Тимотеуш Карпович

Тимотеуш Карпович (полски: Tymoteusz Karpovwicz; 15 декември 1921 - 29 јуни 2005) - полски поет.

Тимотеуш Карпович

Творештво

уреди

Првата поетска збирка на Карпович претставува пример како со т.н. „чиста лирика“ поетот може да реагира на важните политички настани во својата земја. Во современата полска поезија тој го донел еден од најамбициозните обиди за барање нови изразни можности. Неговата поезија претставува конкретна фантастика, нуркање во значењето на зборовите и изградба на нови системи на набљудување. Карпович секогаш поаѓа од предметот, од сетилното и интелектуалното знаење за предметот, од она што значи предметот со своето име и со својата функција. Според Карпович, поетот може уште повеќе да го збогати поетскиот јазик, да ги открие новите области на фантазијата и крајните поетски сознанија. Неговата поезија е многу интелектуална, но и многу сетилна. Тој се обидува да ги изрази непосредно лирските состојби; не бара излез во метафизиката, иако покажува желба за некоја неостварена матафизичка хармонија.[1]

Наводи

уреди
  1. Savremena poljska poezija. Beograd: Nolit, 1964, стр. 191-192.