Чемерно (превој)
Чемерно е превој во источна Херцеговина, на југозападниот рабен дел на котлината Чемерно, помеѓу планината Живањ и Лебршник. Превојот е висок 1.293 метри.
Превојот е составен дел од хидролошки разводник на црноморскиот и јадранскиот слив, исто така на климатските и фито географските граници помеѓу континентално-планинските влијанија од север и средоземните од југ.
Планинскиот превој Чемерно разделува три географски обаласти, на исток и југ се наоѓа Источна Херцеговина, на запад Стара Херцеговина, а на север е Подриње, односно сливот на реката Дрина. Планинскиот превој Чемерно се наоѓа помеѓу Националниот парк Сутјеска и Националниот парк Дурмитор. Во непосредној близини, северно од планинскиот превој Чемерно се наоѓа преминот Шќепан поље кој ја поврзува Фоча со Никшиќ.
Историја
уредиСпоред усното предание на мештаните, називот Чемерно потекнува од верувањата дека српските мајки ги прателе турските каравани кои во јаничари ги одведувале српските деца од Херцеговина по пат кон Цариград. Изнемоштени од напорниот пат и угорнината, српските мајки паѓале по друмот и велеле „Куку мени чемерној! Јадна ти сам чемерна!".[1]
На Чемерно се наоѓа познатата метеоролошка станица од 1892 година и фенолошката станица од 1959 година.
Превојот е најповолен природен премин од Гатачко поле во долината на Сутјеска и Дрина. По тој правец поминувал дубровничкиот друм. Во 1958 година, изграден е асфалтниот пат кој го поврзува Дубровник со Босна и Херцеговина и Србија.
Патот кој водел преку планинскиот превој Чемерно и служел за поврзување на мештаните од Источна и Стара Херцеговина, а кој е изграден за време на Југославија, пропаднал. Владата на Република Српска преку Министерството за сообраќај и врски на Република Српска ја финансирала обновата на стариот пат и изградбата на новите делници. Јавното претпријатие „Патишта на Република Српска“ го изработило планот за обновата и на тендерот го избрало требињското претпријатие „Херцеговина патишта“ кое во 2009 година ја извршило работата за обнова и изградба на новите делници на планинскиот превој Чемерно.[1] За одржување на патот на планинскиот превој Чемерно се грижи јавното претпријатие „Патишта на Република Српска“, кое воедно е надлежно за сите патишта во Република Српска. На ден 10 октомври 2013 година, два месеци по званичното отворање на новата делница на патот, се случил првиот одрон кој го блокирал сообраќајот на неколку часа, а само три дена подоцна и вториот.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Билећа: Асфалтирање превоја Чемерно између источне и старе Херцеговине Архивирано на 4 март 2016 г. (српски)
Извори
уреди- Текст др Баја Кривокапића, Педагошка академија, Бањалука у Енциклопедији Југославије ЈЛЗ „Мирослав Крлежа“, Загреб 1984. том 3 (Црн—Ђ) pp. 258
Надворешни врски
уреди„Чемерно (превој)“ на Ризницата ? |