Чемерика (река)
река во Драмско, Егејска Македонија
Чемерика (грчки: Ξηροπόταμος, Ксиропотамос) — река во Драмско, Егејска Македонија.[1][2]
Чемерика Ξηροπόταμος | |
---|---|
Местоположба | |
Земји | Грција |
Крај | Драмско, Егејска Македонија |
Физички особености | |
Извор | |
• место | Боздаг |
• координати | 41°17′58″N 24°08′29″E / 41.2995° СГШ; 24.1414° ИГД |
Устие | |
• место | Драматица |
• координати | 41°08′21″N 24°07′58″E / 41.1393° СГШ; 24.1329° ИГД |
Особености на сливот | |
Течение
уредиРеката извира јужно под врвот Кула (1.328 м) на планината Боздаг под името Чемерика. Тече на југоисток, па ја прима големата лева притока која доаѓа од Голомбар.[2] Тука на грчки се нарекува Платанорема. Кај Равика излегува од планината и свртува на југозапад.[1] Овде го носи турското име Куручај[2] или на грчки Ксиропотамос, што значат сува река. Проаѓа низ градот Драма, двоејќи ги неговите пет јужни населби: Железничка (Синикија ту Статму), Лозенградска (Сарандаеклисиотика), Амбелокипи, Нова Станимака и Лачишта (Проастио). На крајот се влева во реката Драматица спроти предградијата Сандак Чифлик и Чај Чифлик.[1]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 По топографска карта М1:50 000, издание 1980-1985 „Генеральный штаб“
- ↑ 2,0 2,1 2,2 Dráma GSGS (Series); 4439. 1st ed. Lambert conical orthomorphic spheroid Bessel proj. Prime meridians: Greenwich and Athens. "Reproduced from M.D.R. London: War Office. 1944. Text "610/10395." In collections: Greece 1:100k Topographic Maps. Digital Archive McMaster University " ignored (help)