Чајна билка

(Пренасочено од Чај (растение))
Чајна билка
Листови на чајна билка
Научна класификација
Царство: Растенија
Нерангирано: Скриеносеменици
Нерангирано: Евдикоти
Нерангирано: Астериди
Ред: Вресовидни
Семејство: Чајни[1]
Род: Камелија
Вид: Кинеска камелија
Научен назив
Camellia sinensis
(L.) Kuntze
Чајни семиња
Camellia sinensis

Чајна билка (лат. Camellia sinensis) е вид растение чии лисја и пупки се користат за правење на чај. Од овој ист вид се добива бел чај, зелен чај, улонг и црн чај, но потоа подлежат на различна обработка за добивање на различни нивоа на оксидација.

Името sinensis на латински значи „кинески“. Други застарени имиња на ова растение се Thea bohea, Thea sinensis и Thea viridis.

Потекло и особености

уреди

Чајната билка потекнува од јужна и југоисточна Азија, но денес се одгледува ширум светот, во тропски и суптропски краишта. Растението е зимзелена грмушка или мало дрво кое се кастри до под два метра кога се одгледува за лисјата. Има силен главен корен. Цветовите се жолтобели, со пречник од 2.5–4 см и 7 до 8 ливчиња.

Семињата на оваа билка и билката маслодајна камелија (Camellia oleifera) се притискаат за добивање на чајно масло, сладок додаток и масло за готвење (кое сепак не е исто што и маслото од чајно дрво). Ова е етерично масло кое се користи за медицински и козметички цели и се добива од листовите на различни растенија.

Листовите се долги 4–15 см и широки 2–5 см. Свежите листови содржат околу 4% кофеин. Младите, светлозелени листови се претпочитаат за производство на чај; на опачината имаат кратки влакненца. Постарите листови пак, се со потемна зелена боја. Квалитетот на чајот зависи од староста на листовите, заради нивниот хемиски состав. Обично врвот (пупката) и првите 2-3 листа се оние кои се берат за чај. Оваа рачна берба се повторува секоја недела до две.

Сорти

уреди
 
Чајна плантажа, Индија
 
Разни фази на производството на чај во Асам. Гравура, 1850
 
Чајна грмушка

За производството на чај се користат неколку сорти на чајни билки:

Асамска сорта

уреди

Највеќето чај е од сортата Асам (лат. C. sinensis var. assamica или C. assamica) која главно расте во регионот Асам, Индија. Ова е мало дрво (со едно стебло) со големи листови. Во дивина достигнува височина од 6 до 20 и потекнува од североисточна Индија, Мјанмар, Виетнам и јужна Кина. На плантажите се кастри до височина малку над човечкиот струк. Бидејќи е низинско растение, бара обилни дождови но истовремено и добро отцедување. Не трпи многу високи температури. Откриено е во 1823 (но користено локално и пред тоа), и како такво е едно од двете изворни чајни билки. Сите асамски и највеќето цејлонски чаеви се добиват од ова растение. Асамската чајна билка дава сладест чај со растителен вкус, за разлика од цветните одлики на кинеските чаеви.

Кинеска сорта

уреди

Кинеската сорта (лат. C. sinensis var. sinensis) е ситнолисна грмушка со повеќекратни стебла која достигнува височина до 3 м. Потекнува од југоисточна кина. Ова е првата откриена чајна билка која се користела за правење на чај уште пред 3000 години.

Камбоџанска сорта

уреди

Камбоџанската сорта (лат. C. sinensis var. parvifolia) има листови со големина помеѓу оние на асамската и кинеската сорта и е мало дрво со неколку стебла. Понекогаш се вели дека е вкрстена од гореспоменатите две сорти.

Болести

уреди

Народна медицина

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. или Чајоцветни

Надворешни врски

уреди