Чарли Паркер

(Пренасочено од Чарлс Паркер)

Чарлс “Чарли“ Паркер помладиот (29 август 1920- 12 март 1955), исто така познат како Yardbird и Bird (Птица), бил американски џез саксофонист и композитор.[1]

Чарли Паркер
Чарли Паркер со Томи Потер, Макс Роуч и Мајлс Дејвис во “Three Deuces“, Њујорк.
Животописни податоци
Родено имеЧарлс Паркер, помладиот.
Познат(а) и какоBird, Yardbird, (Птица)
Роден(а)29 август 1920(1920-08-29)
Канзас Сити, Канзас, САД
Починал(а)12 март 1955(1955-03-12) (возр. 34)
Њујорк Сити, Њујорк, САД
ЖанровиЏез, бибоп
ЗанимањаСаксофонист, композитор
ИнструментиАлто саксофон, тенор саксофон
Период на активност1937–1955
ИздавачиSavoy, Dial, Verve
СоработнициМајлс Дејвис, Макс Роуч
Мреж. местоcmgww.com/music/parker/
Значајни инструменти
Buescher, Conn, King и Grafton alto saxophones

Паркер бил многу влијателен џез солист и водечка фигура во развојот на бибопот, што претставува џез форма специфична по брзите темпа, виртуозна техника и импровизација. Паркер вовел револуционерни хармонски идеи, вклучувајќи брзи прелазни акорди , нови варијанти на алтернативни акорди и акордски замени. Неговиот тон варирал од чист и продорен до нежен и мрачен. Многу снимки на Паркер го прикажуваат неговиот виртуозен стил на свирење и сложените мелодиски линии, понекогаш комбинирајќи џез со други музички жанрови, вклучувајќи блуз, латино и класична музика.

Паркер го стекнал прекарот „Yardbird“ на почетокот од неговата кариера, како и кратенката „Bird“, што продолжила да се користи до крајот на неговиот живот и инспирирала голем дел од насловите на неговите композиции: „Yardbird Suite“, „Ornithology“, „Bird Gets the Worm“, и „Bird of Paradise“. Паркер бил икона на хипстерската субкултура, а подоцна и на бит генерацијата, претставувајќи го џез музичарот како бескомпромисен уметник и интелектуалец, а не забавувач.[2]

Животопис

уреди

Детство

уреди

Чарли Паркер е роден во Канзас Сити, Канзас, а пораснал во градот Канзас Сити, Мизури и бил единствено дете на Чарлс и Еди Паркер. Одел во средното училиште “Линколн“.[3] Се запишал во септември 1934 година, а го напуштил во декември 1935 година, кога се придружил на локалниот музички синдикат.

Паркер почнал да свири на саксофон на 11 годишна возраст, а кога имал 14 години се приклучил на бендот од неговото училиште, користејќи позајмен училиштен инструмент. Неговиот татко, Чарлс, често бил отсутен меѓутоа сепак му пренел некое музичко влијание; тој бил пијанист, танцувач и пејач во кругот на T.O.B.A. (Theater Owners Booking Association). Подоцна, тој работел како келнер или готвач во возовите на компанијата "Pullman". Мајката на Паркер, Ади, работела навечер во локалното биро на "Western Union". Наголемото влијание на Паркер, во тој период, бил млад свирач на тромбон кој го научил на основите на импровизацијата.[се бара извор].

Рана кариера

уреди

Во доцните 1930-ти, Паркер почнал ревносно да вежба. Во овој период тој ја усовршил импровизацијата и развил некои идеи кои воделе до стилот на бибоп. Во интервју со Пол Дезмонд, тој изјавил дека поминал 3-4 години во вежбање до 15 часа дневно.[4] Бендовите водени од Каунт Бејси и Бени Мотен несомнено влијаеле на Паркер. Тој свирел во локални бендови во џез клубовите во Канзас, Мизури, каде што ја усовршил својата техника на свирење со помош на Бастер Смит, чии динамични прелази влијаеле врз развојот на стилот на Паркер. Во 1938 година Паркер се придружил во бендот на пијанистот Џеј Мекшен .[5] Бендот ги обиколувал ноќните клубови и други места кои се наоѓале југозападно, како Чикаго и Њујорк.[6][7] Паркер својот прв професионално снимен настап го имал со бендот на Мекшен. Како тинејџер, кај Паркер се развила зависноста од морфин, додека бил во болница поради сообраќајна несреќа и последователно станал зависен од хероин. Тој продолжил да користи хероин низ целиот живот, што на крај придонело и за неговата смрт.

Њујорк

уреди

Во 1939 година Паркер се преселил во Њујорк, во потрага по музичка кариера. Тој работел и на други места. За 9 долари неделно, миел садови во “Јimmie's Chicken Shack“ каде што настапувал пијанистот Арт Татум.[8] Во 1942 година Паркер го напуштил бендот на Мекшен и свирел една година со Ерл Хајнес во чиј бенд свирел Дизи Гилеспи, кој подоцна свирел со Паркер во дует. За жал, овој период фактички е недокументиран, поради штрајкот од 1942-1943 година на Американската федерација на музичари. Паркер се придружил на група млади музичари и свирел во ноќните клубови во Харлем, како што се: “Clark Monroe's Uptown House“ и “Minton's Playhouse“.Овие млади иконоборци ги вклучуваат: Гилеспи, пијанистот од “Thelonious Monk“, гитаристот Чарли Кристијан, и тапанарот Кени Кларк. Односот на бипбоперите бил опишан во познатиот цитат припишан на Монк, од страна на Мери Луи Вилијамс: „Ние сакавме музика која тие не би можеле да ја свират“[9] – “- “тие“ се однесува на белите водачи на бендови кои ја узурпирале и профитирале од свинг музиката. Групата свирела на места на 52та улица, вклучувајќи ги и клубовите “Tree Deuces” и “Onyx“. Додека бил во Њујорк, Паркер учел со неговиот учител по музичко, Маури Дојч.

Бибоп

уреди

Според едно интервју кое што Паркер го дал во 1950 година, една ноќ во 1939 година, тој ја свирел „Чироки" во џем сесија со гитаристот Вилијам „Биди“ Флит, кога му текнало метод за развивање на неговите солажи кои придонеле за една од неговите главни музички иновации. Тој сфатил дека дванаесетте тонови од хроматската скала скала можат мелодиски да водат до било кој тоналитет, притоа ослободувајќи се од некои ограничувања на едноставната џез солажа. Во почетокот на неговиот развој, овој нов вид на џез бил одбиен од многу веќе докажани, традиционални џез музичари, кои ги омаловажувале нивните помлади колеги. Бипбоперите одговориле на ова нарекувајќи ги „мувлосани смокви“. Сепак, некои музичари како Колман Хоукинс и Бени Гудман, биле попозитивни во врска со овој развој и учествувале во џем сесиите како и на снимките на младите приврзаници кон овој нов пристап.

Поради двегодишната забрана од синдикатот на музичари за сите комерцијални снимки од 1942-1944, повеќето од раниот развој на бибопот не бил забележан за подоцнежните генерации. Како резултат на тоа, добил ограничено емитување на радио. Бибоп музичарите поминувале низ тежок период додека стекнале распространето признание. Во почетокот на 1945 година, забраната за снимање била укината, па соработките на Паркер со Дизи Гилеспи, Макс Роуч, Бад Пауел и други, имале влијателен ефект врз светскиот џез. Во 2005 година,биле откриени и издадени еден од нивните први но и најдобри настапи, на концерт во Њујоркшката градска сала на 22 Јуни 1945 година Бибопот полека се стекнал со широка заинтересираност меѓу музичарите и обожавателите подеднакво.

На 26и ноември 1945 година, Паркер за издавачката куќа “Savoy“,ја снимил плочата која се рекламирала како „најдобрата џез сесија од тоа време“. За снимањето тој ги вклучил Дизи Гилеспи и Мајлс Дејвис на труба, Карли Расел на бас и Макс Роуч на тапани. Меѓу снимените песни вклучени се: "Ko-Ko", "Billie's Bounce" и "Now's the Time". Набрзо потоа, бендот на Паркер/Гилеспи патувал во Лос Анџелес, на неуспешен ангажман во клубот “Billy Berg“. Повеќето членови од групата се вратиле во Њујорк, но Паркер останал во Калифорнија бидејќи го продал својот повратен билет за да купи хероин. Тој поминувал низ тешки периоди во Калифорнија, каде најпосле престојувал 6 месеци во психијатриската државна болница во Камарило.

Зависност

уреди

Поради хроничната зависност од хероин, Паркер пропуштил многу свирки и ја загубил работата. Тој често свирел по улиците, добивајќи по некој денар од своите колеги музичари и обожавателите и ги заложувал своите саксофони за да купи дрога. Користењето на хероин било широко распространето на џез сцената, па затоа дрогата можела лесно да се добие.

И покрај тоа што во овој период тој направил брилијантни снимки, сепак однесувањето на Паркер било се понепредвидливо. Кога се преселил во Калифорнија, тешко можел да набави хероин бидејќи дрогата таму била помалку присутна, па поради тоа Паркер почнал да пие сè повеќе алкохол, како замена за дрогата. Снимањето за издавачката куќа “Dial“, на 29ти Јули 1945 година, дава увид во каква состојба бил Пред оваа сесија, Паркер испил четврт виски. Паркер пропуштил повеќе од два такта од рефренот на траката “Max Making Wax“. Кога конечно почнал да свири, толку многу се нишал што завртел цел круг настрана од микрофонот. На следната песна "Lover Man", продуцентот Рос Расел физички го поддржал Паркер. На “Bebop“ (последната трака која Паркер ја снимал таа вечер) тој го почнал солото со солидни први 8 такта.Сепак, на вторите 8 такта тој почнал да се мачи за да отсвири како што треба, и очајниот Хауард Мекги, трубачот од оваа сесија гласно му извикува „дувај!“. Чарлс Мингус сметал дека таа верзија на песната "Lover Man" е една од најдобрите снимки на Паркер и покрај нејзините недостатоци. Без оглед на тоа, Паркер ја мразел таа снимка и никогаш не му простил на Рос Расел што ја објавил. Тој ја преснимил песната во 1951 година за издавачката куќа “Verve“.

Кога Паркер бил пуштен од болница, бил чист и здрав и продолжил да свири и да ги прави некои од најдобрите снимки во кариерата. Пред да ја напушти Калифорнија, ја снимил “Relaxin’ at Camarillo”, што се однесува на неговиот престој во болницата. Кога се вратил во Њујорк, продолжил со зависноста од хероин и снимил десетина песни за издавачките куќи “Savoy“ и “Dial“, кои станале едни од највисоките достигнувања на неговиот снимен материјал. Многу од нив биле свирени со неговиот "класичен квинтет“ вклучувајќи го Мајлс Дејвис на труба и Макс Роуч на тапани.

„Чарли Паркер со жичени инструменти“

уреди

Големата желба на Паркер била да настапува со секција од жичени инструменти. Тој бил надарен изучувач и на класична музика и како што сведочеле неговите современици, најмногу бил заинтересиран за музиката и иновациите на Игор Стравински и посакувал да се ангажира во проект поврзан со стил на музика кој подоцна станува познат како “Third stream“ (Трета струја), нов вид на музика, во кој се вклучени и џезот и класичните елементи, спротивно на дотогашната пракса од само вклучување на секција од жичени инструменти во изведба на џез стандарди.

На 30 ноември 1949 год, Норман Гранз му договорил на Паркер да сними албум со балади, со мешана група од џез музичари и камерен оркестар. Од оваа сесија, во албумот “Charlie Parker with strings“, вклучени се шест песни: "Just Friends", "Everything Happens to Me", "April in Paris", "Summertime", "I Didn't Know What Time It Was", и "If I Should Lose You".

„Џез во Масејската сала“

уреди

Во 1953 година, Паркер свирел во Масејската сала во Торонто, заедно со Гилеспи, Мингус, Бад Пауел и Макс Роуч. За жал, концертот се случувал во исто време со боксерскиот меч од тешка категорија помеѓу Џерси Џо Валкот и Роки Марчиано кој се давал на телевизија, па така била мала посетеноста на концертот. Мингус го снимил концертот кој резултирал со албумот „Џез во Масејската сала“. На овој концерт, Паркер свирел со пластичен „Графтон“ саксофон. Во тој момент од неговата кариера тој експериментирал со нови звуци и материјали. Самиот Паркер ја објаснил намената на пластичниот саксофон во емисијата емитирана од “Birdland” на 9 мај 1953 година.

За Паркер е познато дека свирел на неколку саксафони, тоа биле “Conn 6M”, “Martin Handicraft” и “Selmer Model 22”. Познато е и дека Паркер настапувал со “King Super 20”. Саксафонот “King Super 20” бил направен специјално за него во 1947 година

Смрт

уреди
 
Гробот на Паркер на гробиштата „Линколн“.

Паркер умрел на 12 март 1955 година, во друштво на ссвојата пријателка и покровителка, баронесата Паноника Де Конигсвартер во хотелот „Stanhope“во Њујорк, додека го гледале телевизиско сценско шоу „The Dorsey Brothers“. Официјални причини за смртта биле лобарна пневмонија и крварење на чирот, но, Паркер боледувал и од напреден случај на цироза и претрпел срцев удар. Судскиот вештак кој ја извршил неговата аутопсија, по грешка проценил дека 34-годишното тело на Паркер е старо помеѓу 50 и 60 години.

Од 1950 година, Паркер живеел со Чан Берг, мајката на неговиот син Беирд и неговата ќерка При, која умрела како новороденче од цистична фиброза. Тој ја сметал Чан за своја сопруга, иако никогаш не се оженил со неа, ниту пак се развел од претходната жена Дорис, со која се венчал во 1948 година Сето тоа го искомплицирало средувањето на наследството на Паркер и довело до тоа да се уништи неговата желба да биде мирно погребан во Њујорк.

Било добро познато дека Паркер не сакал никогаш повеќе да се врати во Канзас, дури ни по неговата смрт. Тој и кажал на Чан дека не сакал да биде закопан во неговиот роден град, туку дека Њујорк бил неговиот дом. Дизи Гилеспи платил за погребните подготовки и ја организирал процесијата во Харлем која ја одржал Адам Клејтон Пауел помладиот, исто така организирал мемориален концерт пред телото на Паркер да биде вратено во Мизури, што било желба на неговата мајка. Вдовицата на Паркер ја критикувала неговата фамилија поради христијанскиот погреб и покрај тоа што знаеле дека тој е атеист. Паркер бил погребан на гробиштата Линколн, Мизури, во селце познато како "Blue Summit“.

Со имотот на Паркер управува компанијата “CMG Worldwide“.

Музика

уреди

Композицискиот стил на Паркер вклучува вметнување на оригинални мелодии преку веќе постоечките џез форми и стандарди, практика која и ден денес се применува во џезот. Во примерите се вклучени “Ornithology“, позната и како “How high the moon“ и "Yardbird Suite", вокалната верзија наречена "What Price Love" со текст напишан од Паркер. Праксата не била невообичаена пред бибопотот, сепак, како што артистите почнале да се оддалечуваат од аранжирање на популарни стандарди и да компонираат свој материјал, станала белег на движењето.

Додека песните како :"Now's The Time," "Billie's Bounce," "Au Privave", "Barbados", "Relaxin' at Camarillo," "Bloomdido," и "Cool Blues" биле основани врз вообичаените, Паркер исто така создал необични блуз верзии со 12 тактови промени за песни како што се: "Blues for Alice", "Laird Baird", и "Si Si". Овие необични акорди се познати како "Bird Changes" (Птичји промени). Како и неговите солажи, некои од неговите композиции се одликуваат со долги сложени мелодиски линии и минимално повторување, и покрај тоа што користел повторувања во некои песни, особено во "Now's The Time".

Паркер значително придонел за модерното џез соло, како на неортодоксниот пример начин на кој користел триплети и воведни ноти да водат до акордските тонови, со што му се овозможува на солистот поголема слобода при користење пролазни тонови, кои солистот претходно би ги избегнувал. Паркер воодушевувал со неговиот уникатен стил на изразување и креативната употреба на ритамот. Преку неговите снимки како и популарноста на посмртно објавена книга за него “Charlie Parker Omnibook“, уникатниот препознатлив стил на Паркер доминирал во џезот низ годините.

Други добро познати композиции на Паркер се "Ah-Leu-Cha", “Anthropology“, во соработка со Дизи Гилеспи, "Billie's Bounce", "Bird Gets the Worm", "Cheryl", "Confirmation", "Constellation", "Donna Lee", "Ko-Ko", "Moose the Mooche", и "Scrapple from the Apple".

Мајлс Дејвис еднаш рекол: „Можеш да ја кажеш историјата на џезот во четири збора: Луј Армстронг, Чарли Паркер“.

Дискографија

уреди

Награди и признанија

уреди
Податотека:XBird Lives by Robert Graham.jpg
"Bird Lives" sculpture by Robert Graham in Kansas City, Missouri
„Греми“ награди
Историја на „Греми“ награди на Чарли Паркер[10]
Година Категорија Наслов Жанр Издавачи Резултат
1974 Најдобра изведба на солист Први снимки! Џез "Onyx" Победник
Чарли Паркер: „Греми“ награди за галерија на славни[11]
Година на снимање Наслов Жанр Издавач Година на доделување
1945 "Billie's Bounce" Џез (сингл) "Savoy" 2002
1953 Jazz at Massey Hall Џез (албум) "Debut" 1995
1946 "Ornithology" Џез (сингл) "Dial" 1989
1950 Charlie Parker with Strings Џез (албум) "Mercury" 1988
Доделувања
Година на доделување Наслов
2004 Jazz at Lincoln Center: Nesuhi Ertegun Jazz Hall of Fame
1984 Grammy Lifetime Achievement Award
1979 Big Band and Jazz Hall of Fame

| Photo (Scott No. 2987)[12] |}

Значење и влијание

уреди

Во чест на Чарли Паркер, една песна на американскиот музичар и продуцент Квинси Џоунс (Quincy Jones) се вика „Земјата на птиците“ (Birdland).[13]

Литература

уреди
  • Aebersold, Jamey, editor (1978). Charlie Parker Omnibook. New York: Michael H. Goldsen.
  • Giddins, Gary (1987). Celebrating Bird: The Triumph of Charlie Parker. New York: Beech Tree Books, William Morrow. ISBN 0-688-05950-3
  • Koch, Lawrence (1999). Yardbird Suite: A Compendium of the Music and Life of Charlie Parker. Boston, Northeastern University Press. ISBN 1-55555-384-1
  • Parker, Chan (1999). My Life In E-Flat. University Of South Carolina Press. ISBN 1-57003-245-9
  • Reisner, George (1962). Bird: The Legend of Charlie Parker. New York, Bonanza Books.
  • Russell, Ross (1973). Bird Lives! The High Life & Hard Times of Charlie (Yardbird) Parker. New York:Charterhouse. ISBN 0-306-80679-7
  • Woideck, Carl (1998). Charlie Parker: His Music and Life. Ann Arbor: University of Michigan Press. ISBN 0-472-08555-7
  • Woideck, Carl, editor (1998). The Charlie Parker Companion: Six Decades of Commentary. New York: Schirmer Books. ISBN 0-02-864714-9
  • Yamaguchi, Masaya, editor (1955). Yardbird Originals. New York: Charles Colin, reprinted 2005.

Наводи

уреди
  1. „Charlie Parker - Death, Songs & Bebop“. 2021-10-27.
  2. The 1959 Beat parody album How to Speak Hip lists the three top most "uncool" actions (both in the audio and in the liner notes) as follows: "It is uncool to claim that you used to room with Bird. It is uncool to claim that you have Bird's axe. It is even less cool to ask 'Who is Bird?'."
  3. Woideck, Carl (October 1998). Charlie Parker: His Music and Life. Michigan American Music Series. University of Michigan Press. стр. 4. ISBN 978-0-472-08555-2. In Lincoln High School he was the pride of his teachers...
  4. „Paul Desmond interviews Charlie Parker“. puredesmond.ca. Архивирано од изворникот на 2011-07-06. Посетено на March 1, 2011.
  5. Woideck, Carl (October 1998). Charlie Parker: His Music and Life. Michigan American Music Series. University of Michigan Press. стр. 18. ISBN 978-0-472-08555-2.
  6. „pbs.org“. pbs.org. Посетено на March 10, 2011.
  7. „amb.cult.bg“. Архивирано од изворникот на 2007-12-21. Посетено на 2013-12-30.
  8. This claim is made in Ken Burns' Jazz documentary miniseries, in Episode 7 "Dedicated to Chaos: 1940-1945": http://www.imdb.com/title/tt1067627/
  9. Blakely, Johanna. (April 2010). Lessons from Fashion's Free Culture (TEDxUSC 2010). TEDTalks. Се случува во 7:45–8:00. http://www.ted.com/talks/johanna_blakley_lessons_from_fashion_s_free_culture.html. Retrieved December 3, 2010. 
  10. „Grammy Awards search engine“. Архивирано од изворникот на 2009-02-15. Посетено на 2013-12-30.
  11. „Grammy Hall of Fame Database“. Архивирано од изворникот на 2015-04-10. Посетено на 2013-12-30.
  12. Richard Tucker. „Charlie Parker: 32 cents Commemorative stamp“. Esperstamps.org. Архивирано од изворникот на 2011-07-19. Посетено на March 10, 2011.
  13. Discogs, Quincy Jones ‎– Back On The Block (пристапено на 14.7.2020)