Црпалка
Црпалка[1][2] или црпка[3][4] — вид на лажица што се користи за сервирање храна, најчесто разни видови супи и чорби, но и други видови храна.[5] Црпалките обично имаат долга права или малку закривена рачка на чиј врв се наоѓа чинија со која се зафаќа храна. Садот обично е поставен под тап агол во однос на рачката со цел да се олесни турање на кашеста храна и течности.
Најчесто се направени од не’рѓосувачки челик, но се користат и: алуминиум, сребро, бакарни легури, пластика, меламински смоли, дрво, бамбус и други материјали. Големината, обликот и материјалот на конструкцијата зависи од намената на црпалката. Така, за сосови и зачини се користат црпалки со вкупна должина помала од 7-8 сантиметри, додека за супи, чорби и пунчеви се користат чинии поголеми од 30 сантиметри. Најчестата зафатнина на садот кај црпалките е 0,14 литри, така што 3-5 лажици се истураат во чинија за супа или чорба, што е вкупно околу 0,4-0,7 литри.[6]
Галерија
уреди-
Сребрена црпалкаод 1876 година
-
Лажица од меламиска смола
-
Лажица од не’рѓосувачки челик
-
Лажица од бакарна легура
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „црпалка“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „црпалка“ — Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „црпка“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „црпка“ — Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ Swartz 1988.
- ↑ Von Drachenfels, Suzanne (2000). The Art of the Table: A Complete Guide to Table Setting, Table Manners, and Tableware. Simon and Schuster. стр. 213. ISBN 978-0684847320.
Литература
уреди- Swartz, Oretha D. (1988). Service although not actually a spoon as is commonly found on a table, serving spoons are grouped under the 'utensil' umbrellaEtiquette (4. изд.). United States Naval Institute. стр. 228. ISBN 978-0870216206.CS1-одржување: ref=harv (link)
- Von Drachenfels, Suzanne (2000). The Art of the Table: A Complete Guide to Table Setting, Table Manners, and Tableware. Simon and Schuster. стр. 213. ISBN 978-0684847320.CS1-одржување: ref=harv (link)