Мешалка — предмет што служи за мешање; голема дрвена лажица.[1] Оваа кујнска алатка се користи за подготовка на храна.

Мешалка

Употреба

уреди

Првите лажици кои се користеле за јадење биле изработувани од дрво и школки, а подоцна биле изработувани и од метал.[2]

Денес дрвените лажици најчесто се користат за подготовка на храна. Дрвените лажици за разлика од металните не спроведуваат топлина, така што нивната дршка останува ладна и кога лажицата се наоѓа подолго време во жешка супа или сос.[3]

Металните лажици може да ги оштетат садовите во кои се подготвува храната, додека со дрвените лажици можноста за оштетување е многу помала. Ова се однесува и на осетливите состојки во храната.[3]

Дрвените лажици исто така се поудобни за држење бидејќи нивните дршки не се остри туку заоблени.[3]

Постои верување дека медот треба да се јаде со дрвени и пластични, никако со метални лажици. Ова е оправдано само кај матичниот млеч, кој содржи аминокиселини кои во контакт со метал се разградуваат.[4][5]

Недостаток на дрвените лажици во однос на металните е што потешко се чистата, односно може да впијат некои супстанци кои со миење тешко се отклонуваат.

Симболизам

уреди

Љубовна лажица

уреди
 
Љубовни лажици

Рачно изрезбани дрвени лажици се користеле во Велс како љубовни подароци кои се нарекувале љубовни лажици.[6] На нив биле изрезбани разни симболи од кои секој имал различно значење.

Во спортот

уреди

Во некои спортови дрвената лажица му се доделува на тимот кој е последно пласиран на натпреварот. Така на пример, на рагби турнирот Шест нации дрвена лажица ѝ се доделува на последнопласираната репрезентација.[7]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди

Надворешни врски

уреди