Црква „Успение на Пресвета Богородица“ - Патарос

црква во Патарос, Дојранско, Егејска Македонија

Успение на Пресвета Богородица (грчки: Κοιμήσεως της Θεοτόκου) — црква во селото Патарос, Дојранско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Полјанско-кукушката епархија на Цариградската патријаршија.[1][2]

Успение на Пресвета Богородица
Κοιμήσεως της Θεοτόκου
Карта
41°9′56.4″N 22°47′58.6″E / 41.165667° СГШ; 22.799611° ИГД / 41.165667; 22.799611
МестоПатарос, Дојранско
ЗемјаЕгејска Македонија, Грција
ВероисповедЦариградска патријаршија
Архитектура
Архит. типтрикорабна базилика
Завршена1857
Управа
Архијерејско намесништвоПолјанско
ЕпархијаПолјанско-кукушка

Црквата е изградена во 1857 г., што стои на надвлезниот натпис од север. Претставува трикорабна базилика — најпопуларниот вид црква во последните години на османлиското владеење. На исток има полукружна апсида со сопствен покрив. Покривот на самата црква е двоводен со триаголни засеци на источната и западната страна. Ѕидовите се од камен, а аглите се зајакнати со правоаголни делкани камења. Внатре трите кораба се поделени со колонада од четириаголни дрвени столбови. На западната страна имало галерија за женска црква.[1]

Храмот работел до 1875 г., кога е затворен и до него е подигната нова црква. Старата е реставрирана во 1999 г. и во неа е отворена уметничка галерија во која се изложени копии на византиски и поствизантиски дела, како и на современи грчки уметници.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 Χατζούλη, Γλυκερία Μ. „Ιερός Ναός Παναγίας (Κοιμήσεως της Θεοτόκου) Δροσάτου (Ποταρού)“. Promo.cross. Архивирано од изворникот на 2018-03-15. Посетено на 22 јуни 2014.
  2. „Δροσάτο, Ι.Ν. Κοιμήσεως της Θεοτόκου“. Enjoy Kilkis. Архивирано од изворникот на 2022-06-14. Посетено на 14 март 2018.