Јаков Зографски (околу 1820 - 1907) е зограф, претставник на дебарската зографска школа.

Јаков Зографски
Роден(а)околу 1820
Тресонче, Османлиско Царство (денес Македонија)
Починал(а)1907
Велес, Османлиско Царство (денес Македонија)

Животопис

уреди
 
Портрет на Јаков Зографски, изработен од неговиот син Ѓорѓи во 1895

Припаѓа на големиот зографски род Рензовци од дебарското мијачко село Тресонче. Роден е околу 1820 година. Тој е син на Георги Дамјанов, од кого го изучува занаетот. Работи со својот брат Јанко и неговите роднини Даме и Иван Андрееви, Петар и Наце Николови под раководство на неговиот татко и чичковците, исто така познати зографи.

Умира во Велес во 1907 година.

Надворешни врски

уреди