Црква „Св. Троица“ - Раштани
црква во Раштани, Велешко
Св. Троица — православна црква во велешкото село Раштани, претставник на Македонската преродба. Му припаѓа на Велешкото архијерејско намесништво во Повардарската епархија на МПЦ - ОА.
Света Троица
| |
македонска православна црква | |
Епархија | Повардарска |
Архијерејско намесништво | Велешко |
Местоположба | |
---|---|
Координати | 41°43′23″N 21°42′49″E / 41.72306° СГШ; 21.71361° ИГД |
Место | Раштани |
Општина | Велес |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Свето Тројство |
Изградба | XIX век |
Живопис | 1883 |
Градител | Андон Китанов |
Зограф | Димитар Андонов Папрадишки |
Архитектонски опис | |
Стил | преродбенички |
Храмот е изграден во XIX век и е дело на видниот преродбенички архитект Андон Китанов.[1] Во 1883 г. е живописан од прочуениот зограф Димитар Андонов Папрадишки.[2][3]
Предвиден манастир
уредиЖителите на селото со доброволни напори работат на изградба на истоимен манастир кон црквата, организирани во „Здружение на граѓани за изградба на манастир Св. Троица од с. Раштани, Велес“.[4]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Василиев, Асен (1965). Български възрожденски майстори: живописци, резбари, строители. София: Наука и изкуствo. стр. 206.
- ↑ Николовски, Дарко (2013). „Резултати од валоризацијата на црквите во селата Богомила и Бистрица во областа Азот, Велешко“ (PDF). Патримониум. Скопје: КАЛАМУС. VI (11): 188.
- ↑ Николовски, Дарко (2020). Фото архива на Антоние Николовски за Македонските зографи од крајот на XIX и почетокот на XX век: (Андонов, Зографски и Ванѓеловиќ) (PDF). Скопје: Едиција Културно наследство, Министерство за култура на Р. С. Македонија. стр. 56.
- ↑ „Листа на граѓански организации“. Централен регистар на Македонија. јуни 2019. Посетено на 29 ноември 2021.