Свети Талалеј

светец

Свети Талалеј бил христијански светец, од татко Верукија а мајка Ромилија, родум од Ливан. По занимање бил лекар. Настрадал за Исус Христос во својата осумнаесетта година за време на владеењето на Нумеријан. Кога ја исповедал својата вера во Христа пред судијата мачител, судијата им наредил на двајцата џелати Александар и Астерија, со сврдел да му ги продупчат колената, да провлечат конец низ издушчените коски и да го обесат за едно дрво. Во христијанската традиција се спомнува дека невидлива божја сила на џелатите им го одзела видот, па наместо да му ги продупчат колената на Талалеј тие продупчиле некоја даска и ја обесиле за дрвото. Кога мачителот дознал за тоа, помислил дека џелатите го направиле тоа намерно, па наредил да ги казнат со шибање со прачка. Тогаш џелатите Александар и Астерија викнале: "Нека е жив Господ, од сега и ние ќе постанеме христијани, веруваме во Христа и страдаме за него!" Кога го слушнал ова мачителот наредил да бидат исечени со меч. Во христијанската традиција се спомнува дека потоа самиот мачител го зел сврделот за да му ги продупчи колената на Талалеј, но некоја сила му ги одзела рацете, па мачителот морал да го моли Талалеј за спас. Талалеј се молел за спас на мачителот. После тоа мачителот го фрлил во вода, но Талалеј повторно се вратил жив пред мачителот. Потоа бил фрлен на ѕверови, но ѕверовите се умилкувале околу нозете на Талалеј. На крај во 284 година, Талалеј бил исечен со меч.[1]

Икона на светецот Талалеј над влезот во Црквата Св. Талалеј во с. Брест

Цркви посветени на св. Талалеј

уреди

Наводи

уреди
  1. Светиот маченик Талалеј. povardarska-eparhija.org.mk, пребарано на 9 август 2012 г.