Црква „Вознесение Христово“ - Лескоец
Вознесение Христово (позната и како Свети Спас) — главна селска црква во охридското село Лескоец.[1]
Вознесение Христово
| |
Поглед на црквата | |
македонска православна црква | |
Епархија | Дебарско-кичевска |
Архијерејско намесништво | Охридско |
Парохија | Седма охридска |
Местоположба | |
---|---|
Координати | 41°8′20″N 20°50′15″E / 41.13889° СГШ; 20.83750° ИГД |
Место | Лескоец |
Општина | Охрид |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Вознесение Христово |
Изградба | 1462 |
Архитектонски опис | |
Архит. тип | еднокорабна |
Местоположба
уредиЦрквата е сместена во стариот дел на селото, а околу нејзе се наоѓаат и селските гробишта, кои и денес се користат од селото.[2]
Историја
уредиЦрквата била изградена во 1462 година.[3] Оваа година е спомената и во ктиторскиот натпис од наосот. Како ктирот се јавува спахијата Тоде и неговата жена Булка, претставници на христијанското благородништво.[4]
Архитектура
уредиГрадбата на црквата е еднокорабна, со полуоблест свод и тристрана апсида. Во 1989 година, на западната и на јужната страна, изграден е трем. Во 1990-тите години, црквата добила нов кров, нова припрата и камбанарија.[3]
Во 1898 година црквата е обновена со тоа што е доѕидан трем од западната и јужната страна.
Фрескоживопис
уредиЦрквата поседува фрескоживопис, кој е добро сочуван.[3]
Посебно треба да се истакнат композициите „Тајната вечера“, „Миење на нозете“, „Причестување на апостолите“ и сцените од „Маките на Христос“.
Галерија
уреди-
Плоча на црквата
-
Поглед на црквата
-
Влезот
-
Чешма
-
Апсидата
-
Тоде и Булка Пулијанови, фреска во црквата од 1426 година
-
Св. Климент Охридски со модел на градот Охрид во рацете
-
Големиот Деисис
-
Големиот Деисис
-
Големиот Деисис
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 44. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ Трифуноски, Јован Ф. (1992). Охридско-струшка област : антропогеографска проучавања. Београд: Српска академија наука и уметности. ISBN 8670251582. OCLC 27418468.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 „Дебарско-кичевска епархија - Намесништва“. www.dke.org.mk. Посетено на 2019-12-14.
- ↑ „Св. Спас - с. Лескоец“. stklimentpath.uklo.edu.mk. Архивирано од изворникот на 2019-12-14. Посетено на 2019-12-14.
Надворешни врски
уреди- Црква „Вознесение Христово“ - Лескоец на Ризницата ?