Црква „Св. Петка“ - Теово

црква во Теово, Воденско

Света Петка (грчки: Ναός Αγίας Παρασκευής или Σφέτα Πέτκα) — преродбеничка црква кај селото Теово, Воденско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Воденско-постолско-мегленската епархија на Цариградската патријаршија.[1]

Света Петка
Αγίας Παρασκευής
Карта
40°50′26.4″N 21°57′1.0″E / 40.840667° СГШ; 21.950278° ИГД / 40.840667; 21.950278
МестоТеово, Воденско
ЗемјаЕгејска Македонија, Грција
ВероисповедЦариградска патријаршија
Архитектура
Архит. типеднокорабна
Стилпреродбенички
Изградбапред 1817 г.
Управа
Архијерејско намесништвоВоденско
ЕпархијаВоденско-постолско-мегленска

Црквата се наоѓа на 2 км југозападно од селото. Изградена е пред 1817 г.[1]

Храмот претставува еднокорабен храм, изграден од камен со дебелина од 60 см. Покривот е со ќерамиди на четири води. Внатре има стари икони како „Света Петка“ (1817), „Свети Ефтимиј и Харалампиј“, „Пресвета Богородица“, „Исус Христос“, „Свети Јован Претеча“ — сите дело на месни зографи. Во 1970-тите до него е изградена поголема црква.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 „Καρυδιά Έδεσσας ... στις πλαγιές του Καϊμάκτσαλάν“. Edessa city of waters. Посетено на 2 јуни 2021.