Црква „Св. Петка“ - Побожје
Света Петка — главна селска црква во скопското село Побожје.[1] Прогласена е за споменик на културата на Македонија.
Света Петка
| |
Поглед на црквата | |
македонска православна црква | |
Епархија | Скопска |
Архијерејско намесништво | Северноскопско |
Местоположба | |
---|---|
Координати | 42°6′54″N 21°25′41″E / 42.11500° СГШ; 21.42806° ИГД |
Место | Побожје |
Општина | Чучер-Сандево |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Света Петка |
Изградба | XII век |
Живопис | 1500 |
Архитектонски опис |
Местоположба
уредиЦрквата се наоѓа во самото село, веднаш до самото основно училиште.[2]
Историја
уредиИсториските податоци навестуваат дека црквата постоела од средниот век.[2] Се претпоставува дека била подигната во втората половина XII век.[3]
Архитектура
уредиЦрквата претрпела повеќе интервенции во своето вековно постоење. Така, најпрвин била подигната како еднобродна градба со петтострана апсида на источната страна, полукружно засводена. Својот денешен изглед со трибродна диспозиција го добила со доградувањето на триделната припрата во 1855 година, кога првобитната црква се нашла како централен брод.[3]
Фрескоживопис
уредиСпоред зачуваниот натпис над десниот прозорец од внатрешната страна дознаваме дека живописот бил завршен во 1500 година.[3]
Сепак, во црквата се сретнуваат фрагменти од живописи од различни периоди. Така, на крајот од нишата, под фреската со ликот на Свети Никола, се наоѓаат фрагменти (од уста и нос), насликани со интензивна боја и со изразит графицизам карактеристичен за втората половина на XII век. Друг живопис наоѓаме и на јужната фасада, кој потекнува од XIV век.[3]
Живописот во наосот бил насликан во две фази. Карактеристично за овој живопис е тоа што сликарот насликал толку светители колку што имал дарители и покрај секој светител е забележано, кој го дарил тој лик и потекнува од втората половина на XV век. Две или три децении од почетокот на живописувањето на наосот бил ангажиран еден друг сликар, кој го довршил живописот на горните зони од ѕидовите и сводот со средствата на сите селани, како што се истакнува на натписот од 1500 година. На сводот на црквата е сликан Исус Христос од Вознесението, Пантократор и една иконографска реткост - Емануил со крилја. Живописот во црквата Св. Петка, според стилските одлики ги следи решенијата на времето во кое настанал.[3]
Фрескоживописот бил конзервиран во текот на 2016 година со конзерваторски зафати направени од Националниот конзерваторски центар на Македонија, поддржани со финансиски средства од страна на Министерството за култура на Македонија.[4]
Иконостас
уредиЦрквата поседува иконостас од XVI век, кој бил со еден ред икони и царски двери. Денес, истиот тој иконостас е вклопен во иконостасот изработен околу 1880 година.[3]
Галерија
уреди-
Поглед на црквата
-
Камбанаријата
-
Влезот
-
Помошни објекти
-
Поглед на црквата
-
Црквата и училиштето
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ 2,0 2,1 Трифуноски, Јован Ф.; Трифуноски, Јован Ф. (1971). Скопска Црна гора : природна средина, прошлост, насеља, становништво и привреда : (са скицама, фотографијама и картом) = Skopska Crna Gora : antropogeographische Forschungen. Skopje: Универзитет „Св. Кирил и Методиј“. OCLC 637308591.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 „ЦРКОВНАТА ТРАДИЦИЈА ВО СКОПЈЕ И СКОПСКО ОД IV ВЕК ДО ДЕНЕС (2- дел)“. preminportal.com.mk. Посетено на 2020-02-26.
- ↑ „Фреските во Побожје добија нова светлина“. Religija. Посетено на 2020-02-26.
Надворешни врски
уреди- Црква „Св. Петка“ - Побожје на Ризницата ?