Црква „Св. Петка“ - Бешиште
црква во Бешиште, Прилепско
Св. Пантелејмон — црква во прилепското село Бешиште, претставник на Македонската преродба. Му припаѓа на Прилепското архијерејско намесништво во Преспанско-пелагониската епархија на МПЦ - ОА.
Света Петка
| |
Кирил и Методиј на северната страна на наосот | |
македонска православна црква | |
Епархија | Преспанско-пелагониска |
Архијерејско намесништво | Прилепско |
Парохија | Прилепечко-витолишка |
Местоположба | |
---|---|
Координати | 41°8′18.2″N 21°47′0.5″E / 41.138389° СГШ; 21.783472° ИГД |
Место | Бешиште |
Општина | Прилеп |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Света Петка |
Изградба | XIX век |
Живопис | 1884 |
Архитектонски опис | |
Архит. тип | трикорабна базилика |
Стил | преродбенички |
Црквата е сместена крај задружниот дом на сретселото. Претставува трикорабна базилика со полукружна апсида на исток, која однадвор е расчленета на седум плитки ниши. Средишниот кораб е полукружно засводен, а страничните имаат рамни дрвени тавани. Изградена е во осредината на XIX век.[1] Според ктиторскиот натпис, на кој се набројани многу ктитори, црквата е живописана во 1884 година[2] од мијачкиот зограф Аврам Дичов[3] или од зографи од неговата тајфа.[4]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Црква „Света Петка", село Бешиште“. Old Prilep. Посетено на 2 јануари 2022.
- ↑ „Бешиште (Besiste) - Прилепско Мариово“. Итар Пејо. Архивирано од изворникот на 2014-03-03. Посетено на 3 март 2014.
- ↑ Василиев, Асен (1965). Български възрожденски майстори: живописци, резбари, строители. София: Наука и изкуствo. стр. 188.
- ↑ Митревски, Никола (2011). „Претставите на сесловенските првоучители Св. Кирил и Св. Методиј во живописот од XIX век во Пелагонија, Мариово и Демирхисарско“ (PDF). Патримониум.мк. 4 (9): 294.
Надворешни врски
уреди- Црква „Св. Петка“ - Бешиште на Ризницата ?