Црква „Св. Петар и Павле“ - Тушилово
Свети Петар и Павле (грчки: Αγίων Πέτρου και Παύλου) — црква во селото Тушилово, Ениџевардарско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Гуменџиско-бојмичко-ругуновската епархија на Цариградската патријаршија.[1]
Свети Петар и Павле | |
---|---|
Αγίων Πέτρου και Παύλου | |
Христос Седржител од црквата | |
40°57′3″N 22°30′6″E / 40.95083° СГШ; 22.50167° ИГД | |
Место | Тушилово, Ениџевардарско |
Земја | Егејска Македонија, Грција |
Вероисповед | Цариградска патријаршија |
Архитектура | |
Културнонаследна категорија | споменик на културата |
Архит. тип | трикорабна базилика |
Завршена | XIX век |
Управа | |
Епархија | Гуменџиско-бојмичко-ругуновска |
Црквата е гробишен и парохиски храм на селото, изграден во втората половина на XIX век. Претставува трикорабна базилика типична за македонските цркви од своето време. Има затворен трем и галерија на западната страна. Има внатрешни димензии од 13,70 × 9,85 м. Апсидата на исток е полукружна, а во северозападниот дел има камбанарија. Има влезови од запад и југ со сводести камени рамки и фрески на покровителите Петар и Павле над нив. Внатрешноста на црквата е битно променета со подноцнежни интервензии. Од дрвените украси останале само иконостасот и амвонот. Таваните се дрвени.[1] Во храмот има икони од зоградот Димитар Вангелов од Петрово.[2]
Во 1983 г. црквата е прогласена за споменик на културата.[1]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 „11. Ιερός ναός Αγίων Πέτρου και Παύλου Στάθη“. Ανάδειξη των Μεταβυζαντινών Μνημείων στην Μητροπολιτική Περιφέρεια Γουμενίσσης- Αξιουπόλεως - Πολυκάστρου μέ κέντρο τό Δήμο Ευρωπού. Посетено на 24 јуни 2014.[мртва врска]
- ↑ „Ταξιδεύοντας με τους ζωγράφους“ (PDF). Υπουργείο Πολιτισμού και Αθλητισμού. Εφορεία Αρχαιοτήτων Κιλκίς. Посетено на 23 јуни 2018.