Црква „Св. Петар и Павле“ - Варош
Свети Петар и Павле — црква во селото Варош, непоссредно до Прилеп. Се смета дека е изградена некаде околу 14 век.Нејзината градба е најмногу споредувана со црквата Св.Никола. Таа е еднокорабна градба со полуобличест свод. Дел од старата црква кој бил срушен е обновен. Денешниот изглед и местополжба на храмот е од функционален карактер , со тоа што се наоѓа во источниот дел од населбата Варош, односно на патот кој води до останатите цркви. Во внатрешнота живописноста е делумно зачувана во неколку композиции. Црквата претставува регистриран споменик на културата.[1]
Св. Петар и Павле
| |
Поглед кон црквата | |
македонска православна црква | |
Епархија | Преспанско-пелагониска |
Архијерејско намесништво | Прилепско |
Парохија | Варошка |
Местоположба | |
---|---|
Место | Варош |
Општина | Прилеп |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Свети Петар и Павле |
Изградба | 14 век |
Архитектонски опис |
Местоположба
уредиЦрквата се наоѓа во источниот дел на населбата Варош во Прилеп.[2]
Историја
уредиНе се сочувани никакви историски податоци, ниту натписи за времето кога е подигната и живописана.[2]
Архитектура
уредиЦрквата е градена со скромни димензии и има облик на еднокорабна градба со нагласена височина. Апсидата е полукружна однадвор и оди до висината на корнизот од самата црква. По својата архитектурна концепција и изразеност, има тежнеење на поголема полихромираност на фасадите.[2]
Градена е од камен и цигла. Во ѕидовите на црквата вградени се антички споменици и керамички украси. На црквата се изведени преправки, кои најдобро се забележуваат на јужниот ѕид, кој во поголем дел е реставриран и на сводот. Внатрешноста на црквата украсена е со фрески во четири зони. Сочувани се остатоци на фрески на западниот и северниот ѕид. Од композициите подобро се сочувани: „Патот на Голгота“, „Христовото оплакување“ на северниот и „Успението Богородично“ на западниот ѕид.[2]
Во поглед на уметнички квалитет, фреските заостануваат зад изведбите кои може да се видат во прочуените споменици од 14 век. Според методот на композиција, цртежите и боењето, фрескоживописот може да се каже дека потекнува од XIV век.[3]
Наводи
уреди- ↑ „РЕГИСТРИРАНИ СПОМЕНИЦИ НА КУЛТУРАТА Прилеп“. Крале Марко. Посетено на 2011-06-13.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 Црква „Св. Петар и Павле“ во Варош на семрежното место на ОлдПрилеп
- ↑ [ https://whereismacedonia.org/saints-peter-and-paul-in-varosh-prilep/ Архивирано на 13 февруари 2020 г. Saints Peter and Paul in Varosh Prilep] на семрежното место на WhereisMacedonia
„Црква „Св. Петар и Павле“ - Варош“ на Ризницата ? |