Црква „Св. Петар и Павле“ - Бер
катедрала во Бер, Егејска Македонија
Свети Петар и Павле (грчки: Αποστόλων Πέτρου και Παύλου) — црква во градот Бер, Егејска Македонија, главна катедрала на Берско-негушко-камбаниската епархија на Цариградската патријаршија.[1][2]
Свети Петар и Павле | |
---|---|
Αποστόλων Πέτρου και Παύλου | |
Христос Цар на царевите и апостолите Петар и Павле (западен ѕид) | |
40°31′18″N 22°12′10″E / 40.52167° СГШ; 22.20278° ИГД | |
Место | Бер |
Земја | Егејска Македонија, Грција |
Вероисповед | Цариградска патријаршија |
Архитектура | |
Архит. тип | трикорабна базилика |
Завршена | веројатно XV век |
Управа | |
Архијерејско намесништво | Бер |
Епархија | Берско-негушко-камбаниска |
Годината на изградба на храмот сè уште е нејасна. Според некои, подигната е во XV век, кога Старата митрополија („Св. Павле“) е претворена во џамија. Во 1728 г. црквата е значително обновена од митрополитот Јоаким Берски и претворена во трикорабна базилика. Тогаш се изработени и иконостасот и владичкиот престол. На западниот ѕид се зачувани остатоци од фрески од тој период.[1]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „Μητροπολιτικός ναός Αποστόλων Πέτρου και Παύλου“. Discover Veria. Посетено на 21 јули 2016.
- ↑ „Ενορίες“. Ιερά Μητρόπολη Βεροίας, Ναούσης και Καμπανίας. Посетено на 21 јули 2016.
Надворешни врски
уреди- Црква „Св. Петар и Павле“ - Бер на Ризницата ?