Црква „Св. Пантелејмон“ - Никифорово

црква во селото Никифорово

Свети Пантелејмон е главната селска црква во мавровското село Никифорово.[1] Црквата е изградена во 19 век, додека на плочата на влезот на црквата е запишано дека во 1923 година ја обновил српскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ. За време на српската окупација на Македонија, црквата се наоѓала во рунирана состојба. Но на иницијатива на тогашниот сенатор Угрин Јоксимовиќ, кој имал порекло од мавровскиот крај и кој бил близок пријател на семејството Караѓорѓеви, кралот неколику пати подарил средства за обнова на разрушената црква и на самото село Никифорово, кое било повеќепати палено во изминатиот период. Една од најстарите сочувани икони е „Носила Исуса Христос“, која ја донеле некои руски свештеници. Ово свето место во повеќе наврати било гранатирано и било доста оштетено за време на Втората светска војна. На иницијатива на жителите на Никофорово и со финансиска помош на фирмата „Електро Маврово“ црква во 1991 година уште еднаш била обновена. Секоја година на патрониот празник на црквата се одбележува празникот со литургија и општонародна веселба која трае 2 дена.[2]

Свети Пантелејмон

Поглед кон црквата

македонска православна црква
Епархија Тетовско-гостиварска
Архијерејско намесништво Гостиварско
Парохија Мавровска
Местоположба

Карта

Место Никифорово
Општина Маврово и Ростуше
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Свети Пантелејмон
Изградба 19 век
Завршено 1923 обновена
Осветување 1928
Архитектонски опис

Наводи

уреди
  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  2. Трпевска, Александра (10 август 2012). „Одбележан Свети Пантелјемон во Никифорово“. ГВ онлајн. Посетено на 2012-08-19.[мртва врска]

Галерија

уреди

Поврзано

уреди