Црква „Св. Никола Антимов“

црква во Бер, Егејска Македонија

Свети Никола Антимов (грчки: Άγιος Νικόλαος του μοναχού Άνθιμου) — црква во градот Бер, Егејска Македонија. Влегува во состав на Берско-негушко-камбаниската епархија на Цариградската патријаршија.[1] Храмот е дел од парохијата на „Св. Ѓорѓи“.[2]

Свети Никола Антимов
Άγιος Νικόλαος του μοναχού Άνθιμου
Карта
40°31′37″N 22°12′7″E / 40.52694° СГШ; 22.20194° ИГД / 40.52694; 22.20194
МестоБер
ЗемјаЕгејска Македонија, Грција
ВероисповедЦариградска патријаршија
Архитектура
Архит. типтрикорабна базилика
Завршена1565
Управа
Архијерејско намесништвоБер
ЕпархијаБерско-негушко-камбаниска

Цквата е подигната во 1565 г. Претставува трикорабна базилика со дрвен двоводен покрив. Според ктиторскиот натпис, храмот е изграден од монахот Антим како манастирска црква. Во периодот од 1565 до 1570 г. црквата е живописана со префинети фрески, меѓу кои сцените на Исус Христос Велик Архијереј, Богородица Поширока од небесата, Успение Богородично и Страстите Христови.[1] Авторите на фреските се вбројуваат меѓу најдобрите во своето време.[3]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 „Άγιος Νικόλαος του μοναχού Άνθιμου“. Discover Veria. Посетено на 20 јули 2016.
  2. „Ενορίες“. Ιερά Μητρόπολη Βεροίας, Ναούσης και Καμπανίας. Посетено на 20 јули 2016.
  3. „2015-12-6 στους Άγιους Νικόλαους στην Βέροια“. Η ιστορία μιας παρέας απο την Βέροια. Посетено на 24 јули 2016.