Црква „Св. Ѓорѓи“ - Бер
црква во Бер, Егејска Македонија
Свети Ѓорѓи (грчки: Αγίου Γεωργίου) — средновековна црква во градот Бер, Егејска Македонија. Влегува во состав на Берско-негушко-камбаниската епархија на Цариградската патријаршија.[1] Има улога на парохиски храм.[2]
Свети Ѓорѓи | |
---|---|
Αγίου Γεωργίου | |
40°31′31″N 22°12′6″E / 40.52528° СГШ; 22.20167° ИГД | |
Место | Бер |
Земја | Егејска Македонија, Грција |
Вероисповед | Цариградска патријаршија |
Архитектура | |
Архит. тип | трикорабна базилика |
Завршена | XIV век |
Управа | |
Архијерејско намесништво | Бер |
Епархија | Берско-негушко-камбаниска |
Црквата е подигната во средината на XIV век, а во XVI век е наполно преизградена како трикорабна базилика. Веројатно е обновена и во XVIII век, пти што црквата е повторно проширена.[3] Внатре има вреден живопис од XIV век (Благовештение, Убрус на источниот ѕид), како и од XVI век (Богородица на престол со архангелите Михаил и Гаврил) на северниот ѕид на наосот.[1]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „Ενοριακός Ναός Αγίου Γεωργίου“. Discover Veria. Посетено на 29 јули 2016.
- ↑ „Ενορίες“. Ιερά Μητρόπολη Βεροίας, Ναούσης και Καμπανίας. Посетено на 29 јули 2016.
- ↑ „11η Εφορεία Βυζαντινών Αρχαιοτήτων“ (PDF). Αρχαιολογικόν Δελτίον. Αθήνα: Υπουργείο Πολιτισμού. Τόμος 49 (1994), Χρονικά Β'2: 565–566. 1999. ISSN 0570-622Χ. Архивирано од изворникот (PDF) на 10 мај 2018.