Црква „Св. Никола“ - Шопско Рударе (нова)
Свети Никола — нова поголема црква во кратовското село Шопско Рударе, Македонија.[1] Црквата е сместена во Чергинското маало[2], едно од најстарите маала на селото, каде се наоѓаат двата објекти на црквата „Св. Никола“, стариот и новиот.
Свети Никола
| |
Поглед на новата црква (2015 г.) | |
македонска православна црква | |
Епархија | Кумановско-осоговска |
Архијерејско намесништво | Кумановско-кратовско |
Местоположба | |
---|---|
Координати | 42°4′22″N 22°0′58″E / 42.07278° СГШ; 22.01611° ИГД |
Место | Шопско Рударе |
Општина | Кратово |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Свети Никола |
Изградба | 1936 |
Завршено | 1943 |
Архитектонски опис |
Новата црква е изградена во текот на XX век.
Историја
уредиНовата поголема црква била започната во 1936 година во непосредна близина на старата црквичка.[3]
Архитектура
уредиНовата црква „Св. Никола“, која е градена во периодот 1936-1943 има големи димензии, еднокуполна и во основа крстообразна.[2] Новиот објект на црквата, иако делува импозантно и препознатливо во целата поширока околина, е во шокантна состојба.
Црквата е изградена од исклесан црвен камен од градители од селата Опила и Ранковце, во близина на Крива Паланка. Нејзината градба ја овозможил народниот посланик Ст. Симиќ од Кратово.[3]
Галерија
уреди-
Натпис над влезот на новата црква (2015 г.)
-
Главниот влез (2015 г.)
-
Главниот влез (2022 г.)
-
Апсидата (2022 г.)
-
Споредниот влез (2022 г.)
-
Споредниот влез (2022 г.)
-
Куполата (2022 г.)
-
Поглед на црквата (2022 г.)
-
Поглед на црквата (2022 г.)
-
Поглед на црквата (2022 г.)
-
Поглед на двете цркви (2022 г.)
-
Изградба на нова камбанарија (2022 г.)
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 46. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ 2,0 2,1 „И спомениците ги игнорираат, зарем не?!“. Утрински весник. Скопје: МПМ Македонија. Посетено на 9 септември 2015.
- ↑ 3,0 3,1 Трифуноски, Јован (1974). Кумановска област. Скопје: САНУ. стр. 190–193.
Надворешни врски
уреди- Црква „Св. Никола“ - Шопско Рударе (нова) на Ризницата ?