Црква „Св. Никола“ - Радишани
Свети Никола — македонски православен храм во скопската населба Радишани.[1] Градена е во 16 век. Црквата е мала, еднобродна, засводена со полукружен свод и тристрана апсида на источната страна. Имала и припрата од западната страна која е урната. Калотата на апсидата е потесна од својата основа и на неа има шарање со цигли. Црквата е градена од кршен камен, а е реконструирана во текот на 1980/81 година. Живописот е фрагментарно зачуван во апсидата, на јужниот и на западниот ѕид, како и на западната фасада. Според стилските одлики датира од 30-тите години на XVII век, поточно од 1631 година. На тоа укажува блискоста на живописот од првиот мајстор на припратата во црквата Св. Архангели над селото Кучевиште. Тоа најдобро се гледа на претставата на Св. Богородица поширока од небото од црквата Св. Никола во споредба со Богородица во конхата на припратата во црквата Св. Архангели. Всушност, тие припаѓаат на првите дела од сликарската работилница на т.н. Овчарско-кабларска сликарска група која гравитира од југ кон северните простори на Балканот. Во непосредната околина на црквата постојат стари и напуштени гробишта со доста стари но зачувани камени крстови. Сè до средината на XX век црквата стоела разрушена со зачувани ѕидини, изградени од тенок делкан камен, цигла и малтер во висина од 1 метар, а крај неа за празникот Св. Никола се собирале постарите селани[2].
Свети Никола
| |
Поглед кон црквата | |
македонска православна црква | |
Епархија | Скопска |
Архијерејско намесништво | Северноскопско |
Местоположба | |
---|---|
Место | Радишани |
Општина | Бутел |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Свети Никола |
Изградба | 16 век |
Живопис | 1631 |
Архитектонски опис |
Галерија
уреди-
Северозападната страна на црквата
-
Јужната страна на црквата
Наводи
уреди- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ Трифуноски Јован. „Сеоска насеља Скопске котлине - развитак села, порекло становништво и привредне одлике“. Петти дел. Скопје, 1964 г. стр. 7
Надворешни врски
уреди- Црква „Св. Никола“ - Радишани на Ризницата ?