Црква „Св. Никола“ - Невеска
Свети Никола (грчки: Αγίου Νικολάου) — црква во селото Невеска, Леринско, Егејска Македонија.[1]
Свети Никола | |
---|---|
Αγίου Νικολάου | |
Ктиторскиот натпис од 1867 г. со името на митрополитот Никифор | |
40°38′36″N 21°29′35″E / 40.64333° СГШ; 21.49306° ИГД | |
Место | Невеска, Леринско |
Земја | Егејска Македонија, Грција |
Вероисповед | Цариградска патријаршија |
Архитектура | |
Архит. тип | петкорабна базилика |
Завршена | 1867 |
Управа | |
Архијерејско намесништво | Ајтоско |
Епархија | Костурска |
Црквата е изградена во 1867 година врз постар и помал храм за време на владикувањето на митрополитот Никифор I. Ктитор бил Михалис (Михас) Цирлис. Живописан е подоцна, со ктиторството на Жан Нику, тутунски магнат во Шведска, родум од Невеска. Градбата е голема петкорабна базилика со дрвен покрив со ќерамиди, и претставува прекрасен пример за македонска архитектура од XIX век. Храмот настрадал во 1878 г., при задушувањето на Илинденското востание во 1903 г. и за време на окупацијата во Втората светска војна во 1943 г. Речиси е уништен во април 1947 г. за време на Грчката граѓанска војна, и во 1951 г. е напуштен.
Во 2002 г. е целосно обновен во вредност 2 милиона долари, подарени од банкарот Николаос Сосидис, син на Џон Сосидис од Невеска.[1]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „Δυτική Μακεδονία: Φλώρινα, Δροσοπηγή, Νυμφαίο“. Посетено на 1 јануари 2016.
Надворешни врски
уреди- Црква „Св. Никола“ - Невеска на Ризницата ?