Црква „Св. Никола“ - Крстец

црква во Крстец, Прилепско

Св. Николацрква во прилепското село Крстец, претставник на Македонската преродба. Му припаѓа на Прилепското архијерејско намесништво во Преспанско-пелагониската епархија на МПЦ - ОА.

Свети Никола
македонска православна црква
Епархија Преспанско-пелагониска
Архијерејско намесништво Прилепско
Парохија Плетварско-беловодичка
Местоположба

Карта

Координати 41°24′14.5″N 21°40′7.5″E / 41.404028° СГШ; 21.668750° ИГД / 41.404028; 21.668750
Место Крстец
Општина Прилеп
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Свети Никола
Завршено 1881
Живопис 1943
Архитектонски опис
Архит. тип еднокорабен
Стил преродбенички

Црквата е гробишен храм, сместен во западниот дел на селото. Изградена е во 1881 и обновена во 1904 година. На западната страна во 1913 година е дограден трем. Живописот во црквата датира од 1943 година, дело на браќата Доневи од Гари. Претставува еднокорабна, полукружно засводена градба со полукружна апсида на источната страна, расчленета на пет слепи ниши.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Црква „Свети Никола", село Крстец“. Old Prilep. Посетено на 31 декември 2021.

Надворешни врски

уреди