Црква „Св. Никола“ - Крајници

Св. Николаправославна црква во велешкото село Крајници, Општина Чашка, претставник на Македонската преродба. Му припаѓа на Велешкото архијерејско намесништво во Повардарската епархија на МПЦ - ОА.

Свети Никола

Исус Христос Седржител на таванска фреска

македонска православна црква
Епархија Повардарска
Архијерејско намесништво Велешко
Парохија Изворска
Местоположба

Карта

Координати 41°34′10″N 21°46′50″E / 41.56944° СГШ; 21.78056° ИГД / 41.56944; 21.78056
Место Крајници
Општина Чашка
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Свети Никола
Изградба XIX век
Архитектонски опис
Архит. тип трикорабна базилика
Стил преродбенички

Црквата е изградена во XIX век. Претставува монументална трикорабна базилика. Во внатрешноста се зачувани вредни фрески од 1875 и 1889 г., дело на двајца различни зографи. Според натписот на иконостасот, во 1875 г. тресончаните Петар Новев и син му Григор Петров, претставници на Дебарската школа, го насликале горниот дел на средишниот кораб, куполата и голем дел од иконостасот. На натписот е спомнат и Крсте Зограф од Велес, автор на царските икони „Исус Христос“ и „Света Богородица“.

Во олтарот се чуваат и две печатени графики на Пресвета Богородица Невенлива Роза, дело на греверот Џанантонио Ѕуљани, печатена во Венеција во 1820 г. на трошок на зографите Стефан и Неофит од Света Гора.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Николовски, Дарко (2015). „Црквата Св. Никола во село Крајници, Велешко“. Проблеми на изкуството (4): 50 - 57 (абстракт).

Надворешни врски

уреди