Црква „Св. Никола“ - Дрен (Прилепско)
црква во Дрен, Прилепско
Св. Никола — црква во прилепското село Дрен, претставник на Македонската преродба. Му припаѓа на Прилепското архијерејско намесништво во Преспанско-пелагониската епархија на МПЦ - ОА.
Свети Никола
| |
Фреска на Свети Никола | |
македонска православна црква | |
Епархија | Преспанско-пелагониска |
Архијерејско намесништво | Прилепско |
Парохија | Плетварско-беловодичка |
Местоположба | |
---|---|
Координати | 41°19′38.8″N 21°47′7.1″E / 41.327444° СГШ; 21.785306° ИГД |
Место | Дрен |
Општина | Прилеп |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Свети Никола |
Завршено | 1866 |
Архитектонски опис | |
Архит. тип | еднокорабен |
Стил | преродбенички |
Црквата е гробишен храм, сместен два километра југоисточно од селото. Изградена е во 1866 година. Според ктиторскиот натпис, во 2003 – 2005 г. црквата е обновена од Милорад Андоноски и селаните.[1] Претставува еднокорабен храм со полукружна апсида на исток. Има оригинален преродбенички иконостас кој е убаво насликан. Касетираниот таван е во шари, и во средината е претставен Бог Саваот.[1]
Поврзано
уредиНадворешни врски
уреди- Црква „Св. Никола“ - Дрен (Прилепско) на Ризницата ?
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „Црква „Свети Никола", село Дрен, слика 6“. Old Prilep. Посетено на 31 декември 2021 г. Проверете ги датумските вредности во:
|access-date=
(help)