Црква „Св. Никола“ - Горенци (Зихненско)

црква во Горенци, Зихненско

Свети Никола (грчки: Αγίου Νικολάου Καλής Βρύσης) — црква во селото Горенци, Зихненско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Зихненско-неврокопската епархија на Цариградската патријаршија.[1]

Свети Никола
Αγίου Νικολάου
Карта
41°8′51″N 23°54′35″E / 41.14750° СГШ; 23.90972° ИГД / 41.14750; 23.90972
МестоГоренци, Зихненско
ЗемјаЕгејска Македонија, Грција
ВероисповедЦариградска патријаршија
Архитектура
Архит. типтрикорабна базилика
Завршенапред 1848
Управа
ЕпархијаЗихненско-неврокопска

Црквата е изградена пред 1848 г.[2] Според Георги Стрезов во 1891 г. црквата била гркоманска, починета на Патријаршијата.[3] Градбата претставува трикорабна базилика со петаголна апсида на исток, женска црква и трем во западната дел од јужната страна.[1][4] Внатре има вреден амвон, резбан иконостас и чесна трпеза.[1][2] Иконите на иконостасот се од 1848 и 1851 г. Иконата на покровителот Свети Никола на иконостасот е дело на Атанас Христов од Крушево.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 „Ιστορία Πλεύνας-Πετρούσας. Η Παλαιά Εκκλησία Πλεύνας και άλλες 32 Μεταβυζαντινές Εκκλησίες στο Νομό Δράμας“. Τα Νέα της Πετρούσας. Посетено на 16 ноември 2014.
  2. 2,0 2,1 „Μακεδονική Παράδοση: Διονυσιακά Δρώμενα Δωδεκαημέρου στη ΚΑΛΗΣ ΒΡΥΣΗΣ Δράμας“. Yauna Takabara. Посетено на 14 ноември 2014.
  3. Стрезов, Георги (1891). „Два санджака отъ Источна Македония“ (PDF). Периодическо списание на Българското книжовно дружество въ Средѣцъ. Средѣцъ: Държавна печатница. Година Осма (XXXVII–XXXVIII): 2.
  4. „Ναός Κοιμήσεως Θεοτόκου Σκοπιάς“. Corect. Архивирано од изворникот на 2014-11-27. Посетено на 14 ноември 2014.