Црква „Св. Никола“ - Ватилак

црква во Ватилак, Солунско

Свети Никола (грчки: Αγίου Νικολάου) — црква во селото Ватилак, Солунско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Полјанско-кукушката епархија на Цариградската патријаршија.

Свети Никола
Αγίου Νικολάου
Карта
40°46′18″N 22°42′13″E / 40.77167° СГШ; 22.70361° ИГД / 40.77167; 22.70361
МестоВатилак, Солунско
ЗемјаЕгејска Македонија, Грција
ВероисповедЦариградска патријаршија
Архитектура
Културнонаследна категоријаспоменик на културата
Архит. типтрикорабна базилика
Завршена1860
Управа
Архијерејско намесништвоКаваклиско
ЕпархијаПолјанско-кукушка

Црквата е гробишен храм, сместен во северозападниот дел на селото. Претставува трикорабна базилика типична за своето време. Изградена е во 1860 г., веројатно на местото на постара црква, што се гледа од архитектонските елементи растурени наоколу.

Храмот е забележителен пример за поствизантиската архитектура во Солунско. Внатре има фрески во жртвеникот, во ѓаконикот и на северниот ѕид.[1]

Црквата е прогласена за историски споменик на 8 декември 1994 г.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 „ΥΑ ΥΠΠΟ/ΑΡΧ/Β1/Φ34/54218/1193/28-10-1994 - ΦΕΚ 909/Β/8-12-1994“. Διαρκής κατάλογος κηρυγμένων αρχαιολογικών τόπων και μνημείων. Архивирано од изворникот на 2021-10-28. Посетено на 18 октомври 2014.