Црква „Св. Никола“ - Бизово
црква во Бизово, Воденско
Свети Никола (грчки: Ναός Αγίου Νικολάου) — црква во селото Бизово, Воденско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Воденско-постолско-мегленската епархија на Цариградската патријаршија.[1]
Свети Никола | |
---|---|
Αγίου Νικολάου | |
40°56′8.0″N 21°58′24.2″E / 40.935556° СГШ; 21.973389° ИГД | |
Место | Бизово, Воденско |
Земја | Егејска Македонија, Грција |
Вероисповед | Цариградска патријаршија |
Архитектура | |
Архит. тип | трикорабна базилика |
Завршена | 1860 |
Управа | |
Архијерејско намесништво | С’ботско |
Епархија | Воденско-постолско-мегленска |
Црквата е изградена во 1860 г., за што сведочи натписот на нејзината надворешност. Се наоѓа на половина километар јужно од селото, крај патот за с. Манастир. Претставува трикорабна бескуполна базилика типична за своето време. Има женска црква и мала камбанарија. Од запад и југ има отворен трем. Внатре има оригинален дрвен иконостас и типичен амвон. Фреските се варосани.[1]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „The Church of Saint Nicholas in Megaplatanos“. Megaplatanos. Архивирано од изворникот на 2018-04-28. Посетено на 27 април 2018.