Црква „Св. Недела“ - Велес

црква во Велес

Св. Неделацрква во градот Велес. Му припаѓа на Велешкото архијерејско намесништво во Повардарската епархија на МПЦ - ОА.

Света Недела
македонска православна црква
Епархија Повардарска
Архијерејско намесништво Велешко
Местоположба

Карта

Координати 41°42′11.3″N 21°47′16.0″E / 41.703139° СГШ; 21.787778° ИГД / 41.703139; 21.787778
Место Велес
Општина Велес
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Света Недела
Изградба среден век
Архитектонски опис
Стил византиски

Црквата е изградена во средниот век. Сместена е на стрмна карпа од десната страна на реката Тополка, кај нејзиното устие во Вардар и на околу 300 м западно од црквата „Св. Димитриј“. Судејќи по градбата и остатоците од живописот, храмот му припаѓа на византискиот период. Изгледа служела како храм на Велешката тврдина од Стариот Град, и се наоѓа на неговиот северен крај.

Храмот е доста посетуван, претежно на Цветници, Великпеток и во неделите од Велигден до Спасовден.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Останати цркви во Велес“. Повардарска епархија. 14 јуни 2007. Посетено на 22 февруари 2014.