Црква „Св. Марина“ - Солун
Света Марина (грчки: Αγίας Μαρίνας) — црква во градот Солун, Егејска Македонија. Влегува во состав на Солунската епархија на Цариградската патријаршија.[1][2]
Света Марина | |
---|---|
Αγίας Μαρίνας | |
40°37′5″N 22°58′30″E / 40.61806° СГШ; 22.97500° ИГД | |
Место | Солун |
Земја | Егејска Македонија, Грција |
Вероисповед | Цариградска патријаршија |
Архитектура | |
Архит. тип | трикорабна базилика |
Изградба | 1971 – 1987 |
Управа | |
Епархија | Солунска |
Храмот се наоѓа во населбата Горна Тумба, на истоимениот плоштад „Света Марина“. Градбата претставува трикорабна базилика со купола. Првиот храм, посветен на Света Марина, е изграден од малоазиските Грци доселени во 1922 г. и отворен е на 5 јуни 1927 г. од митрополитот Генадиј Солунски. Со порастот на наелението, црквата станала премала и решено е да се подигне нов храм. Камен-темелникот на новата црква е поставен на 11 април 1971 г. од митрополитот Леонид Солунски и истата е отворена на 20 септември 1987 г. од Пантелејмон II Солунски.[2]
Внатре има икона Богородица Парамитиска, подарена од светогорскиот манастир Ватопед на 31 март 2006 г.,[2] како и мошти на Кузман и Дамјан, черепот на Света Елена Понтска, донесен во храмот од митрополитот Константин Серски. Во подрумот на црквата е параклисот „Св. Елена Синопска“ и има културен центар. Параклис на ова црква е и храмот „Св. Ѓорѓи“ сместен на крај Солунската обиколница.[3]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Αγία Μαρίνα“. Ιερά Μητρόπολη Θεσσαλονίκης. Архивирано од изворникот на 2022-07-20. Посетено на 2022-07-20. Занемарен непознатиот параметар
|access=
(се препорачува|access-date=
) (help); Недостасува права црта во:|access=
(help) - ↑ 2,0 2,1 2,2 Τερμεντζόγλου, Γεώργιος Κ (2013). Εγκαίνια νεότερων ναών της Θεσσαλονίκης (1912-2011) (PDF). Θεσσαλονίκη: Αριστοτέλειο Πανεπιστήμιο Θεσσαλονίκης, Θεολογική Σχολή, Τμήμα Ποιμαντικής και Κοινωνικής Θεολογίας. стр. 81.
- ↑ Τερμεντζόγλου, Γεώργιος Κ (2013). Εγκαίνια νεότερων ναών της Θεσσαλονίκης (1912-2011) (PDF). Θεσσαλονίκη: Αριστοτέλειο Πανεπιστήμιο Θεσσαλονίκης, Θεολογική Σχολή, Τμήμα Ποιμαντικής και Κοινωνικής Θεολογίας. стр. 82.