Црква „Св. Константин и Елена“ - Сер

црква во Сер, Егејска Македонија

Свети Константин и Елена (грчки: Ιερός Ναός Αγίων Κωνσταντίνου και Ελένης) — црква во градот Сер, Егејска Македонија. Влегува во состав на Серско-нигритската епархија на Цариградската патријаршија.[1]

Свети Константин и Елена
Αγίων Κωνσταντίνου και Ελένης
Карта
41°5′57.2″N 23°33′26.7″E / 41.099222° СГШ; 23.557417° ИГД / 41.099222; 23.557417
МестоСер
ЗемјаЕгејска Македонија, Грција
ВероисповедЦариградска патријаршија
Архитектура
Архит. типеднокорабен храм
Изградба1888
Управа
Архијерејско намесништвоСерско
ЕпархијаСерско-нигритска

Историја

уреди

Црквата е гробишен храм на Првите серски гробишта. Сместена е во североисточниот дел на градот, во маалото Катаконози. Според ктиторскиот натпис на вградена камена плоча, храмот е изграден во 1888 г. од Јоанис Папамаркидис и серскиот трговски еснаф.

Градбата е еднокорабна камена црква со ќерамиден покрив, голем полусвод и мала купола. Конхата на жртвеникот со киворовидни камења однадвор образува три лажни апсиди со прозорец по средината. Широки ѕидови со дополнително потпрени лакови го поддржвуаат сводот со купола одвнатре. Во 1965 г. е додаден нартекс. Високиот дрвен резбан иконостас има осум царски икони насликани од Јоанис Калиполитис и самиот е изработен во 1888 г. Под царските икони во ромбовидни рамки се претставени сцени од животот на Исус. На апостолскиот ред над царските икони се претставени Христос со Дванаесетте апостоли. Константинос Котикостас и Јанакодудис вршеле зографски работи во 1967 г. Во конхата на апсидата се Богородица Поширока од небесата и Трите Јерарси со Свети Спиридон. Претставата на Христос Седржител во куполата е постара. Фреските се обновени во 1995 г. Над западниот влез се претставени Дејзис и Св. Константин и Елена.[1]

Во 2009 г. е отворен параклисот „Воскресение Христово“.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 „Ιερός Ναός Αγίων Κωνσταντίνου και Ελένης“. Ιερά Μητρόπολη Σερρών και Νιγρίτης. Посетено на 13 декември 2017.