Црква „Св. Кирил и Методиј“ - Гевгелија

црква во градот Гевгелија

Свети Кирил и Методијмакедонска православна црква во градот Гевгелија.[1] Црквата се наоѓа во средишниот дел на Гевгелија, сместена на јужната страна на градското шеталиште.[2]

Свети Кирил и Методиј

Поглед кон црквата

македонска православна црква
Епархија Повардарска
Архијерејско намесништво Гевгелиско
Парохија Втора гевгелиска
Местоположба

Карта

Координати 41°8′20″N 22°30′15″E / 41.13889° СГШ; 22.50417° ИГД / 41.13889; 22.50417
Место Гевгелија
Општина Гевгелија
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Свети Кирил и Методиј
Завршено 1896
Зограф Димитриј Андонов - Папрадишки
Архитектонски опис
Архит. тип трикорабна

Во црквата се наоѓаат девет икони од познатиот македонски зограф Димитар Андонов - Папрадишки.[3] Воедно, црквата се одликува со голем и убав иконостас.

Црквата е најмногу посетена за време на најголемиот христијански празник Велигден.[2]

Историја

уреди

Подигната е во 1896 година, што може да се види од натписот на плочата на источниот ѕид, вѕидан над олтарната апсида од надвор. Таа е изградена на местото каде што во 1881 година бил изграден параклис. Храмот е обновен во 1946 година.

Во 1983 година е подигната нова камбанарија со градски часовник.

Градба

уреди

Според својата архитектурна форма, таа е трикорабна градба, со рамни дрвени тавани и со покривна конструкција на две води. Црквата има голем и убав иконостас, чии икони ги работел зографот Димитриј Андонов - Папрадишки. Дверите на црквата се од постаро време и се смета дека се пренесени од старата црква Света Троица или од манастирската црква „Св. Спас” во Гевгелија, и се дело на непознат резбар (од XVIII век). Градител на црквата е Андон Китанов.

Галерија

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  2. 2,0 2,1 „Градот Гевгелија“. Гевгелија Туризам. Гевгелија. Архивирано од изворникот на 2016-07-13. Посетено на 24 мај 2016.
  3. „ИКОНИ ОД ПАПРАДИШКИ ВО ГЕВГЕЛИСКАТА ЦРКВА „СВ.КИРИЛ И МЕТОДИЈ". Општина Гевгелија. Гевгелија. Посетено на 24 мај 2016.[мртва врска]

Надворешни врски

уреди